5. Нотеси, тетратки
Извор: Локален извор
Пронајдено во 49 Фондови и архивски единици:
[Нотес со белешки и песна]
Нотесот содржи библиографски и друг вид белешки; на последниот лист се наоѓа песната „Разделба“ објавена како факсимил во Конески, Б. 2011. Поезија, кн. 2, Целокупни дела на Блаже Конески – Критичко издание (стр. 426).
[Нотес со песни и препис]
АЕ ги содржи песните „Јуруклукот“ и „Излет“ во ракопис; „В горах“ од Иван Бунин препис на руски јазик.
[Портокалова тетратка]
АЕ содржи: текст „Makedonska književnost“ (1 до 5 л.), други ексцерпирани материјали од црковнословенски (6 до 8 л.), ракописи под наслов „Загубени браќа“ (1.7.1981, Стар Дојран), л. 12, и „Цвеќињата“ (26.7.1981, Дојран), л. 13.
Проект на македонскиот правопис
I Пишување на гласови; Азбуката; Самогласките; Согласките; Согласките на крајот од зборот; Едначење по звучност; Правописот на некои согласни групи; Правопис на некои наставки; Заменките; Предлозите; Прилозите; Пишувањето на други зборови и партикули. Текстот соодветствува со делови од изданието „Македонски правопис со правописен речник“ од Блаже Конески и Крум Тошев од 1950 г.
[Тетратка]
АЕ содржи тетратка во која Блаже Конески во ракопис ја пишувал статијата „Sedmočislenici“ (АЕ упатува на БК 1340) и говор на Б. Конески за избор на Е. Кардељ за член на МАНУ.
[Тетратка]
Тетратката содржи белешки и ексцерпиран материјал од поезијата на Гане Тодоровски; на посебен лист има белешки за македонскиот јазик, за современата македонска поезија и за Рацин.
[Тетратка]
Тетратката содржи необјавен прозен текст „Жената што украде [?]“, со датум „9. VIII. 197[?]“ и потпис од Конески (2 стр.) и ракопис од објавениот текст „Коментари кон писмата на Ачета“ (10 стр.); АЕ содржи и 3 листа машинопис, кои се дел од текст за Јован Стерија Поповиќ; на опачината на последниот лист има автографи на песната „Антониј и Клеопатра“ и на една необјавена песна од Конески со наслов „Оплакување“.
[Тетратка], 27.7.1985
На корицата на тетратката наведени се наслов „Џинот“, датум и место („Ст. Дојран, 25.VII.1985) и потпис од Конески; автографи на текстовите „Џинот“ (46 стр., датум 25.6.1985, потпис од Конески) и „Еден опис на Дебарскиот округ од 80-те години на XIX век“ (22 л.); АЕ содржи и машинописи на говори на Оскар Давичо од 1985 г. и на Весна Парун.