Скокни до главната содржина

1. Документи

 Збирка

Извор: Локален извор

Пронајдено во 44 Фондови и архивски единици:

[Материјали околу издавањето на Антологија на словенската поезија во XIX и почетокот на XX век во издание на УНЕСКО], 1977

 Архивска единица
Сигнатура: БК 83
Забелешки

Материјали околу издавањето на Антологија на словенската поезија во XIX и почетокот на XX век во издание на УНЕСКО: л. 1: писмо од Милош Милошевски; л. 2 и л. 3: писмо од Конески како претседател на Меѓуакадемскиот одбор за унапредување на проучувањето на словенските култури; л. 4–9: два записника; л. 10: писмо од Милош Милошевски; л. 11: писмо од академик Вељко Гортан; л. 12: писмо од Милош Милошевски; л. 13: писмо од академик Вељко Гортан.

Датуми: 1977

[Материјали поврзани со објавувањето на грчкиот превод на стихозбирката „Везилка“ и антологија на македонска поезија во Грција], 3.12.1978; 26.11.1978

 Архивска единица
Сигнатура: БК 76
Забелешки Л. 1 е превод на македонски во ракопис на текстот од Поканата за промоција на грчкиот превод на стихозбирката „Везилка“ ; л. 2 е визит-карта од Костас Валетас; л. 7 е копија од статија од дневен печат со наслов „ΓΙΟΥΓΚΟΣΛΑΒΟΙ ΠΟΙΗΤΕΣ ΣΤΑ ΕΛΛΗΝΙΚΑ“ [Југословенски поети на грчки] објавена на 3.12.1978 г. во весникот ΤΑΧΥΔΡΟΜΟΣ; ; л. 8 е копија од статија од дневен печат со наслов „ΓΙΟΥΓΚΟΣΛΑΒΟΙ ΠΟΙΗΤΕΣ ΣΤΑ ΕΛΛΗΝΙΚΑ“ [Југословенски поети на грчки] објавена на 26.11.1978 г. во весникот...
Датуми: 3.12.1978; 26.11.1978

[Писмо и песна „Смрт“], 24.11.1986

 Архивска единица
Сигнатура: БК 523
Забелешки

АЕ содржи покана од Претседателството на СФРЈ за седница на Советот на Федерацијата; на опачината во ракопис со сино пенкало и прецртано со црвено пенкало се наоѓа песната „Смрт“.

Датуми: 24.11.1986

[Писмо од В. Уремовиќ], 31.1.1982

 Архивска единица
Сигнатура: БК 472
Забелешки

Писмо од В. Уремовиќ со прилог материјал за здружението „Radnik pjesnik u tudjini" и членска картичка на Блаже Конески.

Датуми: 31.1.1982

Предлог за одликување Конески Ордан Блаже [Орден југословенска ѕвезда со лента], 25.1.1973

 Архивска единица
Сигнатура: БК 603
Забелешки

АЕ содржи предлог за одликување на Блаже Конески со Орденот југословенска ѕвезда со лента, поднесен од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (членови на комисија: Трајко Стаматоски, Милица Конеска и Коста Пеев), писмо со поддршка за предлогот од проф. д-р Ристо Ѓорѓевски, декан на Филозофскиот факултет, како и биографија на Конески со листа на одликувања, награди и плакети.

Датуми: 25.1.1973

Предмет: Отварање Универзитета у Скопљу, 29.3.1946

 Архивска единица
Сигнатура: БК 50

ПРОЕКТО-СТАТУТ на Друштвото на писателите на Македонийа, [1946?]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 55
Забелешки

Во белешка од претходен опис на АЕ е наведено „1946?“.

Датуми: [1946?]

Пропуштница бр. 16

 Архивска единица
Сигнатура: БК 6
Забелешки

Регест: „Др. БЛАЖЕ КОНЕСКИ писател. Има право да влегува во Народниот театар. Не важи за претстави“

Датуми: 1817 - 2006