Скокни до главната содржина

[Материјали поврзани со објавувањето на грчкиот превод на стихозбирката „Везилка“ и антологија на македонска поезија во Грција], 3.12.1978; 26.11.1978

 Архивска единица
Сигнатура: БК 76

Забелешки

Л. 1 е превод на македонски во ракопис на текстот од Поканата за промоција на грчкиот превод на стихозбирката „Везилка“ ; л. 2 е визит-карта од Костас Валетас; л. 7 е копија од статија од дневен печат со наслов „ΓΙΟΥΓΚΟΣΛΑΒΟΙ ΠΟΙΗΤΕΣ ΣΤΑ ΕΛΛΗΝΙΚΑ“ [Југословенски поети на грчки] објавена на 3.12.1978 г. во весникот ΤΑΧΥΔΡΟΜΟΣ; ; л. 8 е копија од статија од дневен печат со наслов „ΓΙΟΥΓΚΟΣΛΑΒΟΙ ΠΟΙΗΤΕΣ ΣΤΑ ΕΛΛΗΝΙΚΑ“ [Југословенски поети на грчки] објавена на 26.11.1978 г. во весникот ΤΑΧΥΔΡΟΜΟΣ; л. 8 е копија од страница од Библиографија на новоиздадени книги во Грција на која има информации за објавување на грчкиот превод на „Везилка“ ['Ἡ Κεντήστρα].

Датуми

  • Создавање: 3.12.1978; 26.11.1978

Јазик на документ и писмо

македонски; грчки

Целосен обем

Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)

Физички опис

л. 1, картичка 14 х 10 см со автограф и печатен текст; л. 2, визит-карта со текст во ракопис на опачината; л. 3–5, картички, 14 х 10 см со печатен текст (дупликати); л. 6, плик; л. 7–8, копии од дневен печат, А4 формат; л. 9, копија од страница од книга

Автор

Ηλίας Λεφούσης [Елијас Лефусис]

Класификација

1. Документи; 9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески

Податоци за архивот

Дел од Виртуелен музеј Конески Архив

Контакт: