Скокни до главната содржина

9.4. Поезија и проза на Конески објавени во печат

 Збирка

Извор: Локален извор

Пронајдено во 66 Фондови и архивски единици:

Песна во избор на авторот, 27.3.1977

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1624
Забелешки

АЕ содржи извадок од додатокот „Културен живот“ објавен во весникот „Нова Македонија“ од 27.3.1977 г. (стр. 12), со „Песна за животот“ од Конески и негов кус коментар за песната.

Датуми: 27.3.1977

[Песната „Везилка“ објавена во весникот „Трудбеник“], 27.11.1966

 Архивска единица
Сигнатура: БК 182
Забелешки

АЕ ја содржи песната „Везилка“ објавена во весникот „Трудбеник“ бр. 48 од 27.11.1966 г. (стр. 11).

Датуми: 27.11.1966

[Песни објавени во весникот „Trapani Nuova“], 24.5.1991

 Архивска единица
Сигнатура: БК 880
Забелешки 10. АЕ содржи извадок од италијанскиот весник „Trapani nuova“ од 24 мај 1991 г. (стр. 3), со песни од Конески на македонски и на италијански јазик препеани од Нат Скамака (Nat Scammacca) и Енцо Бонвентре (Enzo Bonventre): „Ангелот на Света Софија“, „Сонот“, „Штип“, „Љубов“, „Старата“, „Дете заспано крај езеро“, „Песна за лозите во лозјата на Водно“, „Одисеј“, „Пред годишнината на татковата смрт“, „Разделеност“ и „Болен Дојчин“. Песните се проследени и со три пасуси посветени на Конески и на...
Датуми: 24.5.1991

[Песни од Конески на чешки], 30.4.1964

 Архивска единица
Сигнатура: БК 800
Забелешки

АЕ го содржи списанието „Kulturní Tvorba“ год. II, од 30.4.1964; на стр. 9 се наоѓаат препеви на песните „Jaro“ („Пролет“), „Tajemstvi“ („Тајна“), „Jitro“ („Утро“), „Vlaštovky“ („Ластовици“), „Obět'"(„Жртва“).

Датуми: 30.4.1964

Песник душе македонског језика, 30.6.1974

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1645
Забелешки

Статијата е објавена во весникот „Борба“ од 30.6.1974 г. (стр. 5) и ја содржи песната „Снег“.

Датуми: 30.6.1974

[Писмо до Конески од Ета и Радомир Ивановиќ], 10.1.1993

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1534
Забелешки

Покрај писмото и честитката, во АЕ има фотокопија од прозниот запис „Жена која сједи на степеницама“ од Блаже Конески во превод на српски од Зоран Чукиќ, објавен во весникот „Стварање“, септември–октомви 1992 г. Прозниот запис е објавен под името „Жената седната на скали“ во „Современост“. АЕ упатува на БК 372.

Датуми: 10.1.1993

Поезијата на Блаже Конески, јануари – февруари 1989

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1267
Забелешки

АЕ го содржи текстот на Паскал Гилески со наслов „Поезијата на Блаже Конески“ објавен на стр. 21–22 во списанието „Културен живот“, година XXXIII, број 1–2, јануари–февруари 1989. На стр. 22 објавени се песните „Рака“ и „Убавина“ од Блаже Конески.

Датуми: јануари – февруари 1989

Послание [песна], 1.6.1986

 Архивска единица
Сигнатура: БК 903
Забелешки

АЕ содржи еден број од „Штипски весник“, бр. 159/160, 1 јуни 1986, каде што на стр. 18 е објавена песната „Послание“ од Б. Конески.

Датуми: 1.6.1986

Послание...послание...послание...

 Архивска единица
Сигнатура: БК 856
Забелешки

АЕ содржи статија од Братислав Ташковски посветена на книгата „Послание“ од Блаже Конески, објавена во „Студентски збор“; на истата страница објавена е и песната „Послание“ од Б. Конески.

Датуми: 1817 - 2006

[Превод на песни на Б. Конески на романски јазик], 6.10.1984; 26.7.1986

 Архивска единица
Сигнатура: БК 98
Забелешки

АЕ содржи преведени песни на романски: „Dimineață de toamnă“, „Iezer“ во весникот „Luceăfarul“, no. 40, 6.10.1984, превод на Димитру М. Јон (Dimitru M. Ion) и на „În Amintirea lui Ghiore“ во весникот „Luceăfarul“ no. 30, 26.7.1986, превод на Димитру М. Јон (Dimitru M. Ion).

Датуми: 6.10.1984; 26.7.1986