[Песни објавени во весникот „Trapani Nuova“], 24.5.1991
Забелешки
10. АЕ содржи извадок од италијанскиот весник „Trapani nuova“ од 24 мај 1991 г. (стр. 3), со песни од Конески на македонски и на италијански јазик препеани од Нат Скамака (Nat Scammacca) и Енцо Бонвентре (Enzo Bonventre): „Ангелот на Света Софија“, „Сонот“, „Штип“, „Љубов“, „Старата“, „Дете заспано крај езеро“, „Песна за лозите во лозјата на Водно“, „Одисеј“, „Пред годишнината на татковата смрт“, „Разделеност“ и „Болен Дојчин“. Песните се проследени и со три пасуси посветени на Конески и на неговата поезија.
Датуми
- Создавање: 24.5.1991
Јазик на документ и писмо
италијански; македонски
Целосен обем
Од фондот: 1752 листови (1752 архивски единици)
Физички опис
4 стр., извадок од весник
Автор
Blaže Koneski [Блаже Конески]
Место
Trapani [Трапани]
Класификација
7.1. Преводи и препеви на дела на Конески; 9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески; 9.4. Поезија и проза на Конески објавени во печат
Податоци за архивот
Дел од Виртуелен музеј Конески Архив