9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески
Извор: Локален извор
Пронајдено во 203 Фондови и архивски единици:
Несекојдневен творечки потенцијал, 19.1.1989
АЕ содржи извадок од весникот „Вечер“, рубрика „Култура“, од 19.1.1989, каде што на стр. 14 е објавен текстот „Несекојдневен творечки потенцијал“ во врска со новообјавената книга „Поезијата на Блаже Конески“ од Радомир Ивановиќ.
Никогаш не ги забележуваме нијансите, 20.3.1987
Текстот се однесува за „Послание“ од Блаже Конески.
Нов број на списанието „Повод“ [статија], 6.8.1990
АЕ содржи статија од весникот „Нова Македонија“ од 6.8.1990 г. со информација за број од списанието за литература, култура и општествени прашања „Повод“ (Сиднеј), посветен на Блаже Конески.
Ноћне кантилене, 8.2.1987
АЕ содржи извадок од весникот „Илустрована Политика“ од 8.2.1987 (според забелешка во ракопис), каде што е објавен текстот „Ноћне кантилене“ од Милослав Мирковиќ по повод излегувањето од печат на книгата „Блаже Конески“ (Ново дело, Белград 1986) од Милорад Р. Блечиќ.
Обележје на една епоха. Кон 60-годишнината од животот на Блаже Конески; Колумбо [песна], 20.12.1981
АЕ ги содржи текстот „Обележје на една епоха. Кон 60-годишнината од животот на Блаже Конески“ од Георги Старделов и песната „Колумбо“ од Б. Конески.
[Ода од Франтишек Мареш за Конески], 1988
Л. 1 е белешка во ракопис „Подарено од Б. К. 8.12.1988“; л. 2 е белешка „Ода за Блаже Конески од Франтишек Мареш на латински јазик 1988 год. Подарена од Конески на 8.12.1988 година“; одата е напишана по повод примањето на Конески во Австриската академија на науките.
[Осврти на Александар Спасов за Блаже Конески, Живко Чинго и Славко Јаневски]
Османлискиот мит и легитимитетот, 1.10.1993
АЕ содржи машинопис под наслов „Османлискиот мит и легитимитетот“ и примерок од весникот „Пулс“ (1 октомври 1993), во кој е објавен текстот на стр. 16; во АЕ се наоѓа и статија за Б. Конески од Јагода Михајловска-Георгиева, објавена во весникот „Пулс“ (17 септември 1993), стр. 41.
[Песни објавени во весникот „Trapani Nuova“], 24.5.1991
Песник душе македонског језика, 30.6.1974
Статијата е објавена во весникот „Борба“ од 30.6.1974 г. (стр. 5) и ја содржи песната „Снег“.