7.2. Препеви од Конески на други автори или на свои дела
Извор: Локален извор
Пронајдено во 19 Фондови и архивски единици:
[Објава на песната „Писмо једној мајци“ во списанието „Учитељска узданица“], мај – јуни 1939
Oбјава на песната „Писмо једној мајци“ во списанието „Учитељска узданица“ бр. 5 и 6, II год. од мај и јуни 1939, на стр. 52–53. АЕ упатува на БК 32 и на БК 73.
[Препев на четири песни од Десанка Максимовиќ], 16 – 18.4.1987
АЕ содржи препев на песните „Претчуство“, „Трепет“, „Не бој се“ и „Немам повеќе време“.
[Препеви направени од Конески и други песни]
АЕ содржи препеви направени од Конески на песната „На Матија Чоп“ од Франце Прешерн и на песната „Оловното војниче на мојот син“ од Булат Окуџава, препев на македонски на песна без наслов од Клод Авлин и препис на песната „Balada“ од Станислав Костка Нејман (Stanislav Kostka Neumann).
[Разни материјали]
[„Свадбата од Груица“, препеви, белешки за глаголскиот систем на македонскиот јазик]
АЕ содржи: 2 л. копија од ракописот на текстот „Свадбата од Груица“ од нотесот во БК 32; машинописи од препевите: „Женидба“ од Х. Хајне, „Циганска музика“ и „Од циклусо 'Гупска музика'“ од Марија деле Грације, два препева на „Песна“ од Ш. Петефи; 19 л. копија од нотес со белешки за граматиката на македонскиот јазик. АЕ упатува на БК 32, на БК 33 и на БК 43.
Сећање после много година, 6.1.1988; 8.10.1987
Ракопис и машинопис на песната „Сећање после много година“, л. 1 и л. 2; ракопис „Поздравен говор за изложбата на Никола Кујунџиски“ од 8.10.1987, Скопје, л. 3.
Танцот на дервишите; Igra derviš iz Konije, 1990; 27.6.1991
На л. 2 белешка во ракопис од Методија Фотев до Блаже Конески со датум 27.6.1991. Песната е препеана од македонски на српскохрватски од Блаже Конески.