6. Книги, сепарати
Извор: Локален извор
Пронајдено во 14 Фондови и архивски единици:
Односот на Григор Прличев спрема локалниот говор и писмениот јазик; Григор Прличев за Европа
АЕ содржи 15 л. машинопис „Односот на Григор Прличев спрема локалниот говор и писмениот јазик“; 6 л. копија од текстот „Чувај се себе си“ на Прличев; 5 л. копија од „Чувај себе си“, објавено во сп. „Разгледи“; 4 л. копија од „Прличевите беседи“, објавено во сп. „Разгледи“; 11 л. машинопис „Григор Прличев за Европа“; сепарат „Еден говор на Григор Прличев од 1866 година“, објавен во сп. „Македонски јазик“ (год. XVII, 1966), со забелешки во ракопис.
Прилепскиот говор, 1949
АЕ ја содржи статијата „Прилепскиот говор“ од Блаже Конески објавена во Годишен зборник книга 2, 1949, стр. 248–301, одделен отпечаток.
Проект на македонскиот правопис
I Пишување на гласови; Азбуката; Самогласките; Согласките; Согласките на крајот од зборот; Едначење по звучност; Правописот на некои согласни групи; Правопис на некои наставки; Заменките; Предлозите; Прилозите; Пишувањето на други зборови и партикули. Текстот соодветствува со делови од изданието „Македонски правопис со правописен речник“ од Блаже Конески и Крум Тошев од 1950 г.
Текстови за вежби по историја на македонскиот јазик, 1965
Издание со текстови од X век до 1952 г.; сигнатура на задна корица К III 1045 дбл 1 и печат на првата и на последната страница од Библиотека МАНУ. Потписот на првата страница е на Конески.