6. Книги, сепарати
Извор: Локален извор
Пронајдено во 14 Фондови и архивски единици:
ISTORISKA FONOLOGIJA NA MAKEDONSKIOT JAZIK, 1977
АЕ содржи машинопис со интервенции во ракопис со наслов „ISTORISKA FONOLOGIJA NA MAKEDONSKIOT JAZIK“, нумерирани од л. 3 (=1) до л. 126 (=123); ракопис со наслов „Општ поглед врз фонолошкиот развиток на македоскиот“; машинопис со истиот наслов на латиница; исечоци од книга.
Istoriska fonologija na makedonskiot jazik, 1997
Вкоричена фотокопија евидентирана во фондот при ИЦАЛ – МАНУ, Легат на библиотеката на акад. Б. Конески 6193-1.
Гладна кокошка просо сонуе, 1945
АЕ содржи копија од едночинката на Конески „Гладна кокошка просо сонуе“ објавена во 1945. Од насловната страница има две копии.
Гладна кокошка просо сонуе, 1945
На листот од претходен опис на архивската единица е наведено дека копиите ги оставил Ацо Алексиев на 26.10.1990.
Граматика на македонскиот литературен јазик, дел II, За формите и нивните значења
Диференцијација и поларизација на морфемите во македонскиот јазик; Зборот и фонетските промени, 1968; 1969
АЕ содржи сепарати од статиите „Диференцијација и поларизација на морфемите во македонскиот јазик“ и „Зборот и фонетските промени“ на Конески.
Земјата и љубовта, 1948
AE содржи копија од збирката поезија „Земјата и љубовта“.
Историја на македонскиот јазик, 1964
Содржина: „Увод“, „Фонологија“, л. 14–125, „Граматика“, л. 126–231, „Лексика“, л. 232–251, „Содржина“, л. 252–254, текст во ракопис на папката „Блаже Конески. Историја на македонскиот јазик. Скопје 1964“. Содржината е на латиница.
Историска фонологија на македонскиот јазик
Слободните листови од мал формат содржат библиографски единици. Ракописот изобилува со корекции.
Кодификацијата на македонскиот литературен јазик
АЕ претставува сепарат од списанието „Македонски јазик“ XXXVI-XXXVII, 1985–1986.