Скокни до главната содржина

4.3. Белешки, ексцерпиран материјал и граѓа

 Збирка

Извор: Локален извор

Пронајдено во 139 Фондови и архивски единици:

Куќа на колкот

 Архивска единица
Сигнатура: БК 927
Забелешки

АЕ содржи текст од Трајко Стаматовски објавен во „Лик“ на стр. 11 во „Нова Македонија“ под наслов: „Куќа за колкот“. Над насловот стои: Корените на имињата: Кучевиште. Во оваа рубрика пишувал и Блаже Конески (види БК 925).

Датуми: 1817 - 2006

Курс по старословенска граматика

 Архивска единица
Сигнатура: БК 46
Датуми: 1817 - 2006

Лични имиња од зборникот на Миладиновци

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1543
Датуми: 1817 - 2006

[Македонски материјали за ОЛА]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 333
Датуми: 1817 - 2006

Македонски текстои [тетратка со ексцерпиран материјал], 1947

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1518
Забелешки

АЕ содржи тетратка со ескцерпиран материјал.

Датуми: 1947

[Материјал за македонско-чешки речник]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1454
Забелешки

АЕ содржи копија од материјал за македонско-чешки речник. Копијата содржи 1 стр. со скратеници и 12 стр. на кои е обработена буквата Ж.

Датуми: 1817 - 2006

[Материјали во ракопис]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1489
Забелешки

АЕ содржи материјал во ракопис на повеќе теми: „Современата стратегија во развојот на литературните јазици во светот“, 5 стр.; „Методот“, 3 стр.; „Гласовните промени и историската фонологија“ со поднаслови „Х. Паул“ (ексцерпиран материјал) и „Причини на промените“; 11 стр. „Филозофска основа“, 10 стр. ; „Современ пристап кон граматиката“, 17 стр.

Датуми: 1817 - 2006

[Материјали за МДА и за ОЛА]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 341
Забелешки

АЕ содржи материјали за Македонскиот дијалектен атлас (МДА) во фиши; материјал за Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА) од југословенската комисија во машинопис и во ракопис.

Датуми: 1817 - 2006

[Материјали за ОЛА]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 338
Забелешки

АЕ содржи материјал од југословенските пунктови на ОЛА, предаден под наслов „Tabela fonetskih i akcenatskih realizacija *(j)-e" со потпис од д-р Антун Шојат, Загреб (Dr. Antun Šojat, Zagreb).

Датуми: 1817 - 2006

[Материјали ОЛА и други дијалектни материјали]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 343
Забелешки

АЕ содржи тетратка со фиши за различни прашања – македонски материјали за Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА); снопче фиши со различни збороформи распишани по пунктови; машинопис и ракопис со материјали од различни прашња на ОЛА; Соопштение од работата на комисиите на заседанието на ОЛА во Минск 1972, копија; Упатство за изработка на картите на ОЛА.

Датуми: 1817 - 2006