4.3. Белешки, ексцерпиран материјал и граѓа
Извор: Локален извор
Пронајдено во 139 Фондови и архивски единици:
[Тетратка со ексцерпиран материјал]
АЕ содржи тетратка со ексцерпиран материјал.
[Тетратка со ексцерпиран материјал]
АЕ содржи ексцерпиран материјал од текстови на А. Алексиев, Д. Јаранов, К. Мирчев, А. Селишчев, А. Мазон, А. Вајан и др. и библиографија на старата литература (апокрифи, житија и др.).
[Тетратка со ексцерпиран материјал]
Содржина на тетратката: „Груица се жени“ во ракопис, ексцерпиран материјал од текстови на Мазон, Цепенков, Јордан Хаџи Василевиќ, Селишчев, Малецки и други.
[Тетратка со ексцерпиран материјал од Крсте Мисирков објавен во весникот „Мир“]
АЕ содржи тетратка во која се препишани два текста од Крсте Мисирков: „Македонска култура“ објавен во весникот „Мир“, бр. 7155, 9 април 1924; и „Самоопределението на Македонците“ објавен во весникот „Мир“, бр. 7428, 25 март 1925. Во тетратака има и 2 л. А4 формат на кои е препишан текстот „ Македонска националност“ од Крсте Мисирков објавен во „Мир“ на 12 март 1925. Има и едно препишано писмо од Даме Груев кое се чува во Државната библиотека во Софија.
[Тетратка со екцерпиран материјал]
АЕ содржи белешки од студиите во Софија; белешки од охридскиот говор и други ексцерпирани материјали; на одделен лист се наоѓа ракопис со белешки од голобрдскиот говор.
[Тетратка со ескцерпиран материјал]
АЕ содржи тетратка со ексцерпиран материјал и анализа на различни јазични појави во стари текстови: носовки, епентетско л, вокали, придавки, именки, заемки, броеви, туѓи зборови, партиципи, глагол итн.
[Тефтер], 1895 – 1923
Тефтер на поп Матеја Попиванов од с. Октиси, Струшко; писмо од Архиерејски намесник до парохијата во Октиси од 3.4.1943 г.; писмо од 18.6.1918, Струга во ракопис.
[Тефтер]
Тефтерот содржи ракопис од песната „Тетин Ристе“, цитати од народна поезија и ексцерпиран дијалектен материјал („Лексика“, „Фонетика“, „Темниот вокал“, „Фонетика – друго“, „Разни морфолошки особености“, „Инфинитив“, „Редот на зборовите“, „на + објект“, „на (друго)“, „Род“ итн.). Дел од примерите се ексцерпирани материјали од С. Верковиќ.
[Тефтер со поезија и белешки]
AE содржи ракопис од песната „Круша“ и варијанта од „Свети Спиридон Нови“ насловена „Поп Спиро“ во ракопис. Песните се објавени во Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески, том 1. АЕ содржи и други белешки.