4.2. Научни статии - книжевност
Извор: Локален извор
Пронајдено во 32 Фондови и архивски единици:
[11 статии од топонимијата и антропонимијата]
Kult apostołów słowiańskich i słowiańska afirmacja kulturalna
Македонската верзија на текстот е објавена под насловот „Култот на светителите и словенската културна афирмација“, во „Прилози ОЛЛН“ Х, 2, 1985, стр. 5–9.
Sedmočislenici; Кирилометодиевската традиција меѓу Јужните Словени во XVIII и XIX век [статии]
АЕ ги содржи текстот „Sedmočislenici“ (9 стр. и 3 копии од првата страница) на српскохрватски јазик и текстот „Кирилометодиевската традиција меѓу Јужните Словени во XVIII и XIX век“.
Zaumnyj jazyk [резиме на статија]; Сараево [песна од Чеслав Милош]
Првиот документ е резиме на текстот „Заумниот јазик“, објавен во Спектар X, бр. 20 (1992): 5–9; АЕ содржи и препев од полски на македонски јазик на песната „Сараево“ од Чеслав Милош; АЕ е во кошулка на која во ракопис е наведено „Акад. Конески, Необјавени песни“.
Анализа на песната „Ленка“ од Кочо Рацин (скица за предавање)
АЕ содржи скица за предавање на песната „Ленка“ од Рацин со коментар и анализа од Б. Конески.
Ѓорѓи Пулевски – Мијак Галички
АЕ го содржи текстот „Ѓорѓи Пулевски – Мијак Галички“ на српскохрватски јазик, додека македонската верзија на текстот под наслов „Ѓорѓи Пулевски“ е објавена во „Литературен збор“, кн. 2, 1978 година.
Животот и делото на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, 24.9.1985
„Животот и делото на Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е труд поделен во 5 дела. АЕ го содржи и трудот „Јордан Хаџи Константнов-Џинот како Доситејев следбеник“ во ракопис, на српски јазик. Трудот претставува преглед на животот и на делото на Ј. К. Џинот и влегува во полето на книжевната историја.
Иван Точко и неговата „Охридска трилогија“
Иван Точко и неговата „Охридска трилогија“, Во: Иван Точко. Охридска трилогија, предговор Блаже Конески. Мисла, Скопје 1974, 7–14.