4.1. Научни статии - лингвистика
Извор: Локален извор
Пронајдено во 72 Фондови и архивски единици:
Јазикот на Пулевски
АЕ го содржи текстот „Јазикот на Пулевски (графички, фонетски и фонолошки особености)“ во ракопис. Статијата е објавена во Македонски јазик, год. XXXV, Скопје 1984, 7–16.
Јазични белешки за приказните од Солунско од збирката на Верковиќ
АЕ содржи 18 л. во ракопис од статијата „Јазични белешки за приказните од Солунско од збирката на Верковиќ“. Недостасуваат листовите од 1 до 8. Јазични белешки за приказните од Солунско од збирката на Верковиќ. Прилози МАНУ. Одделение за лингвистика и литературна наука, год. VII, бр. 1, МАНУ, Скопје 1982, 21–35.
Крсте Петков Мисирков
Крсте Петков Мисирков. – О македонским стварима / Крсте П. Мисирков; предговор Блаже Конески. – Нови Сад: Матица српска, 1977, стр. 5–17.
Лексемите во блокирана позиција (на материјалот од македонскиот говорен и писмен јазик)
Статијата е објавена под наслов „За некои појави во лексиката на македонскиот говорен и писмен јазик“ во Конески, Б. 2022. Прилози кон современиот македонски јазик, Том XII, Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески, Скопје: МАНУ.
Лингвистиката во СР Македонија
АЕ содржи два машинописа на текстот „Лингвистиката во СР Македонија“ и две писма од Конески, од кои првото во ракопис е без датум до проф. Ана Паолучи (Anne Paolucci) (Њујорк), додека второто од 3.3.1975 до Х. Поленаковиќ, К. Миљовски, Д. Митрев, А. Спасов за предавање на текстови за едицијата „Македонија“.
Личните имиња во изрази и пословици
АЕ содржи апстракт на труд.
Македонската дијалектологија и историјата
Текстот е објавен под наслов „Македонската дијалектологија и историјата“, Годишен зборник на Филолошкиот факултет бр. 7, Скопје, 1981, стр. 77–80. Објавен е со резиме на руски јазик.
Македонски јазик
Текстот е ист со текстот на руски јазик во БК 1599.