4.1. Научни статии - лингвистика
Извор: Локален извор
Пронајдено во 72 Фондови и архивски единици:
За народниот речитатив во јужнословенската средина
АЕ содржи машинопис на дел од статијата За народниот речитатив во јужнословенската средина. Slavic Poetics : Еѕѕауѕ in Ноnоr оf Kiril Taranovsky. The Hague : Mouton 1973, 261–265.
За некои варијантни форми во македонскиот литературен јазик
АЕ содржи машинопис од статијата „За некои варијантни форми во македонскиот литературен јазик“ објавена во „Рrасе Komisji Slowianoznawstwa“, Wariacja normy we współczesnych słowiańskich językach literackich, 38, Kraków 1977, 47–50. Во АЕ има две копии од стр. 4.
За некои стилски синтези во развитокот на македонскиот литературен јазик, 1958
АЕ ја содржи статијата „За некои стилски синтези во развитокот на македонскиот литературен јазик“ објавена во „Литературен збор“, V, 1958, бр. 1, стр. 1–9.
За прегласот на ä во Добромировото евангелие, 10.8.1976
АЕ содржи 3 документи: ракопис на Конески за научна статија која се однесува на прегласот на ä во Добромировото евангелие; машинопис на ракописот; превод на англиски јазик на истиот текст. АЕ упатува на БК 1612.
За прегласот на а во Добромировото евангелие
Текстот не е застапен во Библиографијата на Конески. Делови од текстот се совпаѓаат со статијата: Конески, Б. „Белешки за Добромировото евангелие“, Прилози ОЛЛН, Скопје, 1976, I, 1–2, стр. 5–9. АЕ упатува на БК 1106.
За Храбровата апологија и за зборот боукар во неа
АЕ го содржи ракописот од статијата „За Храбровата апологија и зборот боукар во неа“ во ракопис; За Храбровата апологија и за зборот боукарь во неа. Епоха Свети Климент Охридски (јубилејно издание, 916–2016), т. 2 (Макропроект „Историја на културата на почвата на Македонија“; кн. 27), уред. одбор Г. Старделов, Ѓ. Поп-Атанасов, Д. Пандев, МАНУ, Скопје 2016, 1019–1021. АЕ упатува на БК 1166.
За Храбровата апологија и за зборот боукаръ во неа
За Храбровата апологија и за зборот боукаръ во неа. Studia palaeoslovenica. Academia, Praha 1971, 175–178; За Храбровата апологија и за зборот боукарь во неа. Епоха Свети Климент Охридски (јубилејно издание, 916–2016), т. 2 (Макропроект „Историја на културата на почвата на Македонија“; кн. 27), уред. одбор Г. Старделов, Ѓ. Поп-Атанасов, Д. Пандев, МАНУ, Скопје 2016, 1019–1021. АЕ упатува на БК 1466.
Јазикот на новата македонска литература; Развитокот на македонскиот литературен јазик
АЕ содржи иста статија во ракопис и во машинопис. Насловот на статијата во машинопис е променет со белешка и гласи „Развитокот на македонскиот литературен јазик“.