2. Песни
Извор: Локален извор
Пронајдено во 63 Фондови и архивски единици:
Сонет [песна]
АЕ содржи фотокопија од страницата каде што е објавена песната „Сонет“ на Б. Конески во сп. „Млади Шумадинац“ год VI, серија II, Крагујевац, 1938, 1 мај, бр. 1.
Сонет; [Писмо од Милутин Милутиновиќ], 1938; 7.8.1987
Белешка во ракопис на првиот лист за песната: „Прво објавена песна на Б. Конески „Млади шумадинац“, популарни месечни часопис за омладину, год. IV, серија II, бр.1/1938. Крагујевац.“
[Страница од весникот „Вечер“ со кратки статии по повод смртта на Конески], 9.12.1993
АЕ ја содржи стр. 7 од весникот „Вечер“ од 9.12.1993 со повеќе статии по повод смртта на Конески: „Комеморативна седница на Филолошкиот факултет: Творец на сегашноста, патоказ за иднината“, автор З. Л.; „Последната песна на Блаже Конески ‘Зимско утро’“ [слика од Конески и факсимил од песната во ракопис]; „Од записите на Конески: Поезија, говор, критика...“; „Мојата последна средба со Блаже: Збор врзан за срцето“, автор Коце Солунски; „Денес простување од Конески“.
Таблица перваја; Оброк; Песна за Црниот Брат; Претходница; Внатрешен вид; Античка трагедија; Урна; Шар Планина; Зимско утро [песни; прозен запис], 12.3.1992
„Песна за Црниот Брат“ со датум 12.3.1992 г.
[Тетратка]
Тетратката содржи необјавен прозен текст „Жената што украде [?]“, со датум „9. VIII. 197[?]“ и потпис од Конески (2 стр.) и ракопис од објавениот текст „Коментари кон писмата на Ачета“ (10 стр.); АЕ содржи и 3 листа машинопис, кои се дел од текст за Јован Стерија Поповиќ; на опачината на последниот лист има автографи на песната „Антониј и Клеопатра“ и на една необјавена песна од Конески со наслов „Оплакување“.
[Тефтер]
Тефтерот содржи ракопис од песната „Тетин Ристе“, цитати од народна поезија и ексцерпиран дијалектен материјал („Лексика“, „Фонетика“, „Темниот вокал“, „Фонетика – друго“, „Разни морфолошки особености“, „Инфинитив“, „Редот на зборовите“, „на + објект“, „на (друго)“, „Род“ итн.). Дел од примерите се ексцерпирани материјали од С. Верковиќ.
[Тефтер со поезија и белешки]
AE содржи ракопис од песната „Круша“ и варијанта од „Свети Спиридон Нови“ насловена „Поп Спиро“ во ракопис. Песните се објавени во Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески, том 1. АЕ содржи и други белешки.
[Топономастички материјал; песни]
[Три нотеса и ливчиња со белешки, топономастички и други материјали]
Успение на Владимир Мошин; Подмладување; Врапци во магла; Преживување; Суво дрво [песни]
АЕ ги содржи песните: „Успение на Владимир Мошин“, „Подмладување“, „Врапци во магла“, „Преживување“, „Суво дрво“ – сите се во ракопис и во машинопис.