2. Песни
Извор: Локален извор
Пронајдено во 63 Фондови и архивски единици:
[Писмо и песна „Смрт“], 24.11.1986
АЕ содржи покана од Претседателството на СФРЈ за седница на Советот на Федерацијата; на опачината во ракопис со сино пенкало и прецртано со црвено пенкало се наоѓа песната „Смрт“.
Писмо једној мајци; Разговор со мајката [песни], 28.11.1983; 1939
[Поезија; извадоци од интервјуа]
Песни од Б. Конески во машинопис и исечоци од интервјуа од кои дел се во машинопис, а дел се исечоци од печатени изданија.
[Портокалова тетратка]
АЕ содржи: текст „Makedonska književnost“ (1 до 5 л.), други ексцерпирани материјали од црковнословенски (6 до 8 л.), ракописи под наслов „Загубени браќа“ (1.7.1981, Стар Дојран), л. 12, и „Цвеќињата“ (26.7.1981, Дојран), л. 13.
Преобразба [песна]
На опачината на поканата за Научна трибина на акад. Пандевски на 1.3.1991, има песна во ракопис; картичката е пронајдена во книга подарена на Зузана Топољинска.
Проста и строга македонска песна [избор поезија од Блаже Конески], [1978]
Избор на песни објавен во 1978 г. и претставен на 27.11.1978 г. во КИЦ, во режија и интерпретација на Цветанка Трпкова.
[Разни материјали]
Ронки, 16.6.1993
АЕ содржи извадок од „Лик“, „Нова Македонија“ од 16.6.1993, г. VII, бр. 219, во кој на стр. 9 е објавена песната „Ронки“ од Блаже Конески.
Сећање после много година, 6.1.1988; 8.10.1987
Ракопис и машинопис на песната „Сећање после много година“, л. 1 и л. 2; ракопис „Поздравен говор за изложбата на Никола Кујунџиски“ од 8.10.1987, Скопје, л. 3.