13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Тетратка на полски]
АЕ содржи тефтер со поезија и текстови на полски јазик. На првата страница има песна за која стои „Blaźe Koneski, Na bregu jeziora“. Се среќаваат и други имиња на поети и писатели во нотесот. Ракописот е непознат.
[Тетратка со белешки], 1947
АЕ содржи белешки поврзани со јужнословенска книжевност.
[Тетратка со ексцерпиран материјал од Крсте Мисирков објавен во весникот „Мир“]
АЕ содржи тетратка во која се препишани два текста од Крсте Мисирков: „Македонска култура“ објавен во весникот „Мир“, бр. 7155, 9 април 1924; и „Самоопределението на Македонците“ објавен во весникот „Мир“, бр. 7428, 25 март 1925. Во тетратака има и 2 л. А4 формат на кои е препишан текстот „ Македонска националност“ од Крсте Мисирков објавен во „Мир“ на 12 март 1925. Има и едно препишано писмо од Даме Груев кое се чува во Државната библиотека во Софија.
[Транскрипт од средба со француски поети-учесници на Струшките вечери на поезијата одржана на 15.10.1981 г. во Југословенскиот културно-информативен центар во Париз], 15.10.1981
Превод на македонски на транскриптот; учесници во разговорот: Марија Бежановска, Вука Огризовиќ, Ежен Гилвик (Eugene Guillevic), Роберт Сабатие (Robert Sabatier), Чарлс Добжински (Charles Dobzynski), Анри Мешоник (Henri Meschonnic), Бернар Варгафтиг (Bernard Vargaftig), Пол Луј Роси (Paul-Louis Rossi), Луси Албертини (Lucie Albertini); Конески е споменат во разговорот.
[Транскрипција на емисијата „Видици“], 6.8.1984
Транскрипција на радио емисијата „Видици“ по повод објавувањето на книгата „Чешмите“ на Конески. Разговорот го води Тамара Арсовска со Слободан Мицковиќ.
[Три разгледници, една покана и една визит-карта]
АЕ содржи три разгледници со кратки писма до Конески испратени од Скопје, Охрид и Нови Сад и други материјали.
Увод - Македонска литература
АЕ содржи прегледен текст за македонската литература.
Уводен збор кон извештајот, 1968
АЕ содржи извештај за работата за МАНУ во период од петнаесет месеци – од отворањето на Академијата, 10 октомври 1967 до 31 декември 1968. Потписник е Конески како претседател на МАНУ.