13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Статии од Илија Чашуле]
АЕ ги содржи следните статии од Илија Чашуле: „Брајан Д. Џозеф: Синхронијата и дијахронијата на балканскиот инфинитив“; „Граматичките категории на македонската глаголска именка“; „За екстралингвистичките и внатрешнојазичните притисоци на нормата“.
[Статија за издание]
[Статија за објавување на изданието „Psalterium Sinaiticum“]
АЕ содржи статија за објавување на изданието „Psalterium Sinaiticum“ од Алтбауер Моше (Altbauer Moshe) од МАНУ во 1971 г. во весник на Еврејскиот универзитет во Ерусалим бр. 11 од ноември 1971 (стр. 13–15); АЕ упатува на БК 217.
[Статија од Драги Стефанија] Особености на гласовниот систем во народните песни и приказни на Викторија поп Стефанија
[Статија од Умберто Кампањоло и песна од Конески]
АЕ содржи препев на англиски јазик на песната на Конески „Елен самак“ („The solitary deer“) направен од Херберт Кухнер и статија од Умберто Кампањоло. АЕ упатува на БК 768 и на БК 798.
Стенографски белешки од I-та седница на Одборот за прослава на 1050 годишнината на смртта на Климент Охридски, 19.3.1966
Стенографски белешки од свечената седница по повод 30 годишнината на Друштвото на писателите на Македонија, 20.10.1977
Стенографските белешки содржат обраќања на Блаже Конески, Благоја Талевски, Сретен Асановиќ, Благоја Иванов, Луан Старова и Борис Вишински.
[Табела со износ на хонарари]
АЕ содржи табела со износ на хонорари од 1968 до 1974 г. за редовни и дописни членови на МАНУ.
Таканареченото „Македонско прашање“, 18.7.1989
Превод од англиски јазик на брошурата „Таканареченото 'Македонско прашање'“ од авторот Е. А. Папагеоргиу, објавена од Атинската новинска агенција во едицијата „Фокус“ на 18.7.1989.