13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Сепарати од Здислав Штибер]
Сердар и Горски вијенац у контексту сличности и разлика, мај 1986
Статија од Новак Килибарда во весникот „Овдије“, мај 1986, стр. 7–8, која се повикува на Конески.
Силеџиската дамка врз образот на македонскиот народ. Реагирања: Дали македонската интелигенција е „петта колона“?, 9.3.1991
Статијата е објавена во „Нова Македонија“ од 9.3.1991 г., стр. 17.
Скопско лето '88, 21.6.1988
АЕ содржи леток за Скопско лето со информации за мултимедијалниот балет „Соѕвездието на Конески“ и два билети за Скопско лето за 21.6.1988.
Слава му, 1993
АЕ содржи брошура со омаж за Блаже Конески од ДПМ.
Словенска писменост
АЕ содржи брошура за постојаната изложба „Словенска писменост“ на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народниот музеј – Охрид.
Словенска писменост. Елаборат
Елаборат за планирање на просторот околу црквата „Св. Климент“ („Св. Богородица Перивлепта“) за претставување на експонатите од изложбата „Словенска писменост“, отворена на 11.9.1966 г. во Уметничката галерија по повод 1050 годишнината од смртта на Св. Климент Охридски; раководител на поставката бил проф. д-р Владимир Мошин; листа на експонатите на изложбата (материјална култура, епиграфика, ракописи); урбанистички карти на локалитетот околу црквата „Св. Богородица Перивлепта“.
[Службено патување во Хелсинки], 17.7.1970
АЕ содржи два авионски билети; формулар за службено патување, пресметки.
Соѕвездието на Конески
Снимка од мултимедијален балет; либрето: Љ. Бранѓолица; поезија: Б. Конески; кореограф: О. Милосављева; режисер: Љ. Билбиловски; белешка со текст „Подарено од Б. Конески за неговиот фонд на 12.6.1989“.
Соѕвездието на Конески, 21.6.1988
Говор од Димче Николески на Радио Скопје испратен до Конески.