13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
Предлог за одликување Конески Ордан Блаже [Орден југословенска ѕвезда со лента], 25.1.1973
АЕ содржи предлог за одликување на Блаже Конески со Орденот југословенска ѕвезда со лента, поднесен од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (членови на комисија: Трајко Стаматоски, Милица Конеска и Коста Пеев), писмо со поддршка за предлогот од проф. д-р Ристо Ѓорѓевски, декан на Филозофскиот факултет, како и биографија на Конески со листа на одликувања, награди и плакети.
[Предлог за пишување учебник по македонски јазик]
Во текстот е наведено дека авторот [Dragan D. Milivojević?] бил во контакт со Конески и дека работел на проект „A Reader of the Macedonian Literary Language“.
Предлог-извештај на Централниот комитет на СКМ за активноста на Сојузот на комунистите на Македонија од Петтиот до Шестиот конгрес на СКМ, 17.9.1973
Предлог ревизија на препораката ISO/R 9-1955 за Транслитерација на кирилицата, 28.11.1967
АЕ содржи Предлог ревизија на препораката ISO/R 9-1955 за Транслитерација на кирилицата испратена од Југословенскиот завод за стандардизација во Белград до Филозофскиот факултет во Скопје. Во прилог е и препораката ISO/R 9-1955 од Меѓународната организација за стандардизација во Женева.
[Препеви направени од Конески и други песни]
АЕ содржи препеви направени од Конески на песната „На Матија Чоп“ од Франце Прешерн и на песната „Оловното војниче на мојот син“ од Булат Окуџава, препев на македонски на песна без наслов од Клод Авлин и препис на песната „Balada“ од Станислав Костка Нејман (Stanislav Kostka Neumann).
[Препис на текстови од Ј. Х. К. Џинот]
АЕ упатува на БК 550.
[Преписка во врска со објавување антологија на македонската книжевност од страна на Матица српска], 1973 – 1976
АЕ содржи преписка на Блаже Конески со Мирослав Ранков од „Матица српска“ во врска со издавањето антологија на македонската книжевност во 10 книги; списоци на избраните книги; други писма и препораки за македонските приредувачи на томовите.
[Преписка меѓу Конески и Шевелов], 1977 – 1978
Писмо од Шевелов до Конески датирано од 4.12.1977; содржи писмо од Шевелов до Конески датирано од 14.2.1978; писмо од Конески до Шевелов датирано од 1.3.1978 (и во машинопис и во ракопис); „Од историјата на предметот“, 3 л. независни од писмата придружени со 1 л. избрана библиографија.
[Преписка на Крум Тошев и Антонин Тејнор], 4.2.1976; 16.2.1976
АЕ содржи две писма во врска со Речникот на словенската лингвистичка терминологија.
[Преписка со Дафина Хаџи Димова], 20.10.1976; 29.10.1976
Преписка со Дафина Хаџи Димова во врска со објавеното предавање на Димитар Митров „Димо Хаџи Димов – идеолог на македонското револуционерно движење“ во која Хаџи Димова бара примероци од предавањето, а МАНУ ѝ испраќа 6 примерока.