13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Постер за изложба на архивска документација од Фондот „Блаже Конески“], 19.12.2006
[Постер за книжевна вечер посветена на Конески], 22.1.1976
Книжевна вечер во Коларчевиот народен универзитет во Белград посветена на поезијата на Блаже Конески по повод доделувањето на Његошевата награда; воведен збор на Павле Зориќ со учество на Блаже Конески, Ксенија Јовановиќ и Јован Миличевиќ.
Потврда, 18.3.1975
АЕ содржи еден лист во ракопис [нечиток потпис, Љ. Г.].
[Потврда на Конески за учество на IV Меѓународен славистички сојуз], септември 1959
Потврда од претседателот на Меѓународниот славистички комитет академик В. В. Виноградов за учество на Конески на IV Меѓународен славистички сојуз одржан во Москва 1958 г.
[Прашања до Конески за интервју]
АЕ содржи седум прашања на повеќе теми.
[Превод на поезија од Вера Чорниј]
АЕ содржи 15 песни од Вера Чорниј, една на српскохрватски и 14 во превод на македонски.
Предлог – Деловник [За изборно собрание на ДПМ], 1984
На задните страници има ексцерпиран материјал со наслови „Србизми“ и „Џинот“.
Предлог за доделување тутулата почесен доктор на Универзитетот „Кирил и Методиј“; Реферат за доделување; Одлука за доделување; [писмо], 1991
АЕ содржи Предлог, Реферат и Одлука за доделување на титулата почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Блаже Конески и писмо од Љупка Јанашлиева до Конески, во кое го известува дека Наставно-научниот совет на Филолошкиот факултет едногласно го усвоил Рефератот за доделување на титулата на 4.12.1991 г. АЕ упатува на БК 22.