13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Писмо од Полската академија на науки до Божидар Видоески]
Писмо од Институтот за полски јазик при Полската академија на науки од 7.6.1988 г. до Божидар Видоески.
[Писмо од проф. М. Павловиќ; статија во весник], 4.9.1968
АЕ содржи статија во весникот „Политика“ од 18.8.1968 за VI Меѓународен славистички конгрес, во која има дел за афирмација на македонскиот јазик и за дискусиите со бугарските претставници.
[Писмо од Р. Бајалски и допис до ЦК на СКМ], 16.11.1987
АЕ упатува на БК 816 и на БК 817.
[Писмо од Секретаријатот за односи со странство на ИС на СРМ], 3.9.1973
[Писмо од Сојузот на организациите на композиторите на Југославија], 15.6.1988
АЕ содржи писмо за продажба на грамофонски плочи и касети со дела од Конески. Во извештајот наведени се „ABV“ (Jugoton), „Kalemegdan“ (PGP RTB) и „Vezilka“ (Jugoton).
[Писмо од Централниот комитет на Унгарската социјалистичка работничка партија], 18.4.1968
[Писмо со покана], 27.12.1991
Покана до Блаже Конески за Свечена седница по повод 45-годишнината од излегувањето на списанието „Просветно дело“.
[Писмо; текстови], 20.9.1973
АЕ упатува на БК 246 и БК 248 и содржи материјали преведени од Анастас Таховски и испратени до Блаже Конески [Споредени животописи: Александар (од Плутарх); Сеништа. Комедија во 5 чина (од Тит Макциј Плаут); Трогрошник. Комедија во пет чина (од Тит Макциј Плаут)].
[Повик за Прво заседание на редакцијата на АЛЕ – Европски лингвистички атлас], 9.2.1972; 21.2.1972
АЕ содржи писмо од Павле Ивиќ до Видоески од 21.2.1972 г. во кое го известува за Првото заседание на редакцијата на АЛЕ и му препраќа добиени материјали.