13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Писмо и договор], 25.11.1975
АЕ содржи договор меѓу Блаже Конески и NIP "Pobjeda" – Titograd за објавување на изданието „Записи“; Конески, Б. Записи (превод и препјев Сретен Перовић). Побједа, Титоград 1975. 107 с.
[Писмо и договор за авторски права], 23.2.1981
АЕ содржи авторски договор помеѓу Блаже Конески, застапуван од Југословенската авторска агенција, и Wydawnictwo Łódzkie, како издавач на изданието „Lozje – izbor proze i poezije“.
[Писмо и други материјали], 26.9.1980
АЕ содржи писмо за изборот на Конески за член во Рецензентска комисија и пријава на м-р Мито Миовски.
[Писмо и записник од седница на ОЛА до Видоески], 10.4.1972
АЕ содржи писмо до Видоески од Миломир Сајиќ од САНУ за доставување копија од записник на седница на ОЛА одржана во Белград на 7.4.1972.
[Писмо и извадоци од весник], 21.9.1979
Извадоците се однесуваат на текст на Душан Горенчевски во потесен избор за наградата „Др. Бранко Гавела“.
[Писмо и каталог], 24.10.1986
АЕ содржи каталог од издавачката куќа „Милић Ракић“ од Ваљево, со листа на книги од едицијата „Песниковом руком писано“, во која е објавено издание од Конески; во каталогот има слика на Конески (стр. 11) и податоци за изданието (стр. 7); АЕ упатува на БК 720, БК 807 и БК 1010.
[Писмо и материјали до Видоески за МКС], 12.9.1990
АЕ содржи повик за XIV работно заседание на Меѓународната комисија за словенски литературни јазици при МКС.
[Писмо и материјали од Вјекослава Уремовиќ], 22.11.1981
АЕ содржи: писмо во ракопис од Вјекослава Уремовиќ; копија со пријава за докторска дисертација; стихозбирка на Здружението „Radnik pjesnik u tudjini“ од ноември 1981 г.
[Писмо и материјали од Стојадин Михајло од Лозана], 24.12.1980
АЕ содржи писмо за правописот и правописните проблеми.