13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Материјали поврзани со X меѓународен конгрес на славистите во Софија 1988 г.], 1986 – 1988
Разни видови материјали за учеството на Македонскиот славистички комитет на X меѓународен конгрес на славистите во Софија 1988 г. и за конгресот: писмо од Конески до авторите на вклучените и невклучените реферати, писмо од претседателот на ЈСК до претседателот на МКС, Владимир Георгиев, списоци на пријавени реферати од слависти од СФРЈ, писмо од Конески до ЈСК, извештај на Конески за заседанието на Президиумот на МКС во Софија и списоци на реферати од други земји.
[Материјали поврзани со XX заседание на Меѓународниот славистички комитет во 1979 г. во Будимпешта]
АЕ содржи записник од Заседанието со датум 19.10.1979.
[Материјали поврзани со наградата Златен венец на Струшките вечери на поезијата], 1981
Беседа на Матеја Матевски за поезијата на Блаже Конески; програма на Струшките вечери на поезијата 1981 г.; покана за поетски портрет на Блаже Конески во „Св. Софија“ 29.8.1981 г.; покана за Струшките вечери на поезијата; брошура за Струшките вечери на поезијата.
[Материјали поврзани со патувањето на Меѓународниот конгрес на славистите во Варшава, 1973], 1973
Писмо од МАНУ до Нова Македонија – одлука на Сојузот на славистите на Југославија за нов печат на четири јазика; Плик со 7 покани, програма на VII Меѓународен конгрес на славистите во Варшава, 21–27 VIII.1973; Писмо на полски со информација за промена на цените.
[Материјали поврзани со посетата на акад. Блаже Конески на Бразил во 1963 г. како дел од Југословенската делегација]
АЕ содржи два машинописа – информации за сместувањето и програма на посетата; печатена официјална програма; телефонски именик; извадок на дневните обврски на Б. Конески; сертификат; две покани.
[Машинопис – Јоца Марјановиќ]
АЕ содржи текст во врска со националните прашања и марксизмот во Југославија.
Маяк в тъмнините; Почнуваме љубов со Наталија
АЕ ги содржи „Маяк в тъмнините“, поема, 18 стр; и „Почнуваме љубов со Наталија“, расказ, 11 стр.