13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Известување за списанието „Стремеж“]
Регест: Блаже Конески/ Од стариот нотес/ Оваа песна ја праќам не случајно во „Стремеж“. Таа е напишана во Прилеп на X.VI 1941 г. и ја изразува воената гроза. Зачувана во една мала тетратка, таа останала незабележана и необјавена. Сега може да се приклучи кон песните од циклусот „Од стариот нотес“. Освен што извршив јазична адаптација спрема денешниот узус, ја објавувам во нејзиниот првобитен вид. /Во темна балканска ноќ.
Извештај на партиското одделение на наставниците при Филозофскиот факултет
Делови на Извештајот на партиското одделение на наставниците при Филозофскиот факултет: 1. Организационен живот, 2. Подготвување на содржина на состаноците, 3. Работа на одделението меѓу наставниците и персоналот на Филозофскиот факултет, 4. Идеолошка – политичка работа, 5. Научна и наставна работа, 6. Заклучок.
Извештај о досадашњем раду на припреми југословенског дела Антологије лирике словенских народа, 27.10.1977
л. 1 писмо до Конески од Милош Милошоски од 6.12.1977 г. со кое го известува дека му испраќа копија од Извештајот на Одделението за јазик и книжевност на Српската академија на науките и уметностите за работата врз југословенскиот дел од Антологијата на лириката на словенските народи; л. 2–23: писма, извештаи и записници поврзани со изработката на југословенскиот дел од Антологијата на лириката на словенските народи.
Извори за проучување на црковното пеење во Македонија [автор Сотир Голабовски], 14.2.1979
АЕ содржи текст од Сотир Галабовски и рецензија од Тодор Скаловски од 14.2.1979.
Изјава професора Бернштајна поводом избора за члана Македонске академије
Изјава на Бернштејн од 7 јануари 1970 г. дадена за Радио Москва.
[Именување на Конески за член во комисија за докторска дисертација], 14.12.1976
АЕ содржи документ во кој Конески се именува за член на комисијата за докторска дисертација „Numanistički, estetski i drugi bitni elementi u epskim i lirskim narodnim pjesmama muslimana Bosne i Hercegovine“ од кандидатот Саит Ораховац [Sait Orahovac] на Филозофскиот факултет во Сараево.
[Информација за состанокот на Комисијата за организациски прашања и песна „На крајот“]
АЕ содржи текст со Заклучоците од состанокот на Комисијата за организациски прашања на Советот на Федерацијата. На задната страна на вториот лист се наоѓа песната „На крајот“ напишана во ракопис од Конески со сино и прецртана со црвено пенкало.