13. Други материјали
Извор: Локален извор
Пронајдено во 570 Фондови и архивски единици:
[Допис и текст „Проблеми на јазикот во јавното комуницирање“], 6.11.1970
АЕ содржи допис до МАНУ од Лазо Каровски, претседател на Одборот за култура на Просветно-културниот собор на Собранието на СРМ, за седница во врска со испратениот текст „Проблеми на јазикот во јавното комуницирање“ од април, 1970 г.
[Допис од Американската асоциација за славистички студии], октомври 1974
Дописот се однесува на можност за претплата на списанието „Slavic Review“.
[Допис од В. Дуганова и писмо], 15.1.1988
АЕ упатува на БК 816.
[Допис од Европската културна асоцијација]; [Материјали од Меѓународната организација за унификација на терминолошките неологизми], 1993; 1989
АЕ содржи материјали од Меѓународната организација за унификација на терминолошките неологизми адресирани до Тодор Димитровски (Société européenne de culture; International Organization for Unification of Terminological Neologisms).
[Допис од Меѓународната федерација на преведувачи], 1980
Допис до Лидија Гулеска (МАНУ) од Сигмунд Стоберски (Zygmunt Stoberski) во врска со предлог-анекс на Меѓународната конвенција за авторски права; текст од Сигмунд Стоберски во врска со IX конгрес на Меѓународната федерација на преведувачи.
[Допис од Ристо Бајалски до ЦК на СКМ], 10.12.1987
Дописот се однесува на книгата „Една младост во виорот на војната“ од В. Дуганова.
[Допис од Советот на академиите на науки и уметности на СФРЈ]
Во дописот се свикува седница на Пленумот на Советот на академиите на науки и уметности на СФРЈ на 17 и 18 мај 1968 г. во Сараево. Документот содржи белешки од Конески и неколку нечитки стиха.