2. Песни
Извор: Локален извор
Пронајдено во 63 Фондови и архивски единици:
Dani jugoslovenske zabavne muzike JRT. Opatija '79, 1979
Брошурата содржи партитури на песни, меѓу кои е и песната „Nežnost“ (текст на Блаже Конески, музика и аранжман на Љубомир Бранѓолица, изведувач Никола Давидовски, стр. 64–65); АЕ упатува на БК 1071.
Mazedonien – Profil einer Kulturlandschaft [статија, песна], 31.1 – 1.2.1976
АЕ содржи текст објавен во весникот „Neue Zürcher Zeitung“ од 31.1–1.2.1976 (Цирих), со белешка во ракопис „На академикот Блаже Конески со длабока почест, Иљма Инголд-Рагуша“; лист во пликот со песна во ракопис. На опачината на машинописот на руски јазик има необјавена песна во ракопис на Б. Конески со прв стих „Две сардели“.
Spisovná slovenčina v období 1918-1968 [статија]
На вториот лист од папката има нечитки строфи во ракопис на македонски.
[Белешки во ракопис и песна]
АЕ содржи необјавена песна без наслов од Конески со прв стих „Зар оваа трева не би била вечна“.
Вино, Љубов, Маглено утро [песни]
Песна „Вино“ во машинопис и во ракопис; Песна „Љубов“ во машинопис и во ракопис; Песна „Маглено утро“ во машинопис и во ракопис.
Гранка; Јасник [песни]
АЕ ги содржи песните „Гранка“ и „Јасник“ (автографи и машинописи од двете песни). „Гранка“ е објавена во: Конески, Б. 2011. Поезија, кн. 2, Целокупни дела на Блаже Конески – Критичко издание. Скопје. Ману. Во истото издание има песна со наслов „Јасник“, но со друга содржина од автографот во архивската единица.
[Документи во врска со Сојузот на славистички друштва на Југославија; песни], јануари – февруари 1986
АЕ содржи 2 писма и нацрт-статут од Сојузот на славистички друштва на Југославија, на опачината на последниот лист има необјавена песна во ракопис под наслов „Женски облик“.
[Ексцерпиран материјал; ракопис од песната „Есенска рамнина“]
АЕ содржи ексцерпиран материјал и белешки од постари текстови, подреден според зборовните групи и други карактеристики. На опачината на еден лист се запишани две варијанти на песната „Есенска рамнина“ во ракопис.
[Жолт тефтер]
АЕ содржи ракопис со молив и пенкало со следните наслови: „Шевелов“ (?) (ексцерпиран материјал), „Бобоштица“ (ексцерпиран материјал), „Штурци“ (песна), „Кулакија“ (ексцерпиран материјал), „Звукот на твојот глас“ (песна во ракопис објавена под насловот„Изворот на твојот глас“).