12. Говори и други текстови
Извор: Локален извор
Пронајдено во 86 Фондови и архивски единици:
[Допис до претседателството на МАНУ], 1975
Дописот се однесува на кандидатурата на проф. Зузана Тополињска за надворешен член на МАНУ.
Една ситуација и едно лично становиште, 1993
АЕ содржи 4 л. на македонски под наслов „Една ситуација и едно лично становиште“ објавен во Споменицата на Б. Конески (МАНУ, 1994), диктиран од Конески на акад. Зузана Тополињска кратко време пред неговото заминување; 4 л. превод на текстот на руски под наслов „Обстоятельства и личная позиция“ и копија на рускиот текст.
За Коле Неделковски, 7.10.1981
АЕ содржи говор на Конески за Коле Неделковски (реч при отворањето на изложбата на 7.10.1981 во Титов Велес).
За континуитетот, 15.10.1970
АЕ го содржи текстот „За континуитетот“ – реч при отворањето на јубилејната изложба на Никола Мартиноски на 15 октомври 1970.
За континуитетот. Реч при отворањето на јубилејната изложба на Никола Мартиноски на 15 октомври 1970
[Комеморативен говор за В. Мошин]
АЕ содржи комеморативен говор за Владимир Мошин на Блаже Конески во машинопис и ракопис, текст под наслов „Проф. В. Мошин во Македонија“, песна од Конески под наслов „Мошин“, препев на латински од Мареш.
Лазар Личеноски
АЕ содржи машинопис и ракопис од текстот на Б. Конески посветен на Лазар Личеноски, објавен повеќепати во „Разгледи“, XIII, 8, Скопје 1971, 723–736; „За литературата и културата“, Избрани дела во седум книги (второ дополнето јубилејно издание), книга четврта, Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, Скопје 1981, 147–159; „Ликови и теми“, Јубилејно издание, Култура, Скопје 1990, 186–198.