11. Плакети, дипломи, лични предмети
Извор: Локален извор
Пронајдено во 118 Фондови и архивски единици:
[Диплома за доделена плакета „25 август“ на Блаже Конески од Општинската конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ од Крагуевац], 8.12.1987
[Диплома за доделување на наградата „11 Октомври“ на Блаже Конески], 11.10.1974
Наградата му е доделена на Блаже Конески како највисоко општествено признание за особено значајни остварувања во областа на уметноста од интерес за СРМ за стихозбирката „Записи“.
[Диплома за доделување на наградата „11 Октомври“ на Блаже Конески], 11.10.1979
Наградата му е доделена на Конески како највисоко општествено признание за особено значајни остварувања во областа на науката од интерес за СРМ за животно дело.
[Диплома за доделување на наградата „11 Октомври“ на Блаже Конески], 11.10.1965
Наградата му е доделена на Конески за најдобри дела и трудови од областа на науката и уметноста за периодот од 1 јули 1964 до 30 јуни 1965 г., како автор на „Историјата на македонскиот јазик“, во издание на „Кочо Рацин“ – Скопје, 1965 г.
[Диплома за доделување на наградата „11 Октомври“ на Блаже Конески], 11.10.1961
Наградата му е доделена на Конески за редакторската работа над Речникот на македонскиот јазик – I дел.
[Диплома за доделување на наградата „Ацо Шопов“ на Блаже Конески од Друштвото на писателите на Македонија за книгата стихови „Црн овен“], 13.2.1994
[Диплома за доделување на наградата „Кочо Рацин“ на Блаже Конески за книгата „Историја на македонскиот јазик“], 1965
Наградата е доделена од Работничкиот совет при книгоиздателството „Кочо Рацин“.
[Диплома за доделување на наградата Рациново признание на Блаже Конески од Советот на Рацинови средби], 24.11.1988
Наградата му е доделена на Конески за „Дневник по многу години“, најдобра книга објавена меѓу Рациновите средби 1987–88.
[Диплома за доделување Орден за заслуги на Блаже Конески, претседател на Сојузот на писателите на Југославија, од Претседателот на Република Чиле], 1963
Диплома за завършено висше образование, 21.6.1946
Диплома на Блаже Конески за завршено високо образование по словенска филологија во јунската испитна сесија 1944 г., издадена од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија; АЕ содржи копија на дипломата со потпис од декан.