11. Плакети, дипломи, лични предмети
Извор: Локален извор
Пронајдено во 118 Фондови и архивски единици:
[Плоча подарена на Конески од Книжевната манифестација „Борина недеља“]
[Плочка и значка од V републички фестивал на народни инструменти и песни „Марко Цепенков“], 1979
[Повелба доделена на Блаже Конески од Заедницата на југословенските универзитети за придонес во нејзиниот развој и унапредување], 23.12.1967
Повелбата му е доделена на Блаже Конески како член на Претседателството на Заедницата на југословенските универзитети.
[Повелба за Блаже Конески од Извадачката работна организација „Просвета“ од Белград], 1.11.1979
Повелбата во АЕ е придружена со писмо.
[Повелба за Орден Југословенско знаме со лента доделен на Блаже Конески со Указ од Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито]
Орденот му е доделен на Конески за исклучителни литерарни остварувања и за придонес кон развивањето на свеста на граѓаните на СФРЈ во борбата за социјализмот; АЕ содржи Уверение за доделениот орден.
[Повелба за Орден на југословенската ѕвезда со лента доделен на Блаже Конески од Претседателството на СФРЈ по повод шеесетгодишнината од животот], 10.12.1981
Орденот на југословенската ѕвезда со лента му е доделен на Конески за извонредни литерарни и научни дела што ја збогатиле југословенската литература и култура, како и за значаен придонес кон политиката на мир и пријателска соработка на СФРЈ со други држави; АЕ содржи Уверение за доделениот орден.
[Повелба за Орден на Републиката со златен венец доделен на Блаже Конески со Указ на Претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито], 18.4.1969
Орденот е доделен за особени заслуги на полето на јавната дејност со која се придонесува за општиот напредок на земјата.