Скокни до главната содржина

10. Фотографии

 Збирка

Извор: Локален извор

Пронајдено во 72 Фондови и архивски единици:

[Делегација на југословенски писатели во Полска], 1947

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1724
Забелешки

Блаже Конески како дел од делегација на југословенски писатели во посета на Полска. Дел од фотографиите се дупликати. 1724/1, 13 во Валанов, крај Варшава, со Десанка Максимовиќ, Исак Самоковлија и Вјекослав Калеб; 1723/2–4, 10–11, 15 Во посета на рурално место: 1724/5–7, 12–13 Во посета на пристаниште, бродоградилиште; 1724/8–9 Прошетка низ град [Варшава?]: 1724/16–21 Прием, разговори; На 1724/16 позади пишува: „Со делегацијата на југословенски универзитети во Варшава, 1957 г.“

Датуми: 1947

[Делегација на МАНУ во Чехословачка], 23 – 29 март 1969

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1731
Забелешки

Фотографии од посетата на делегација на МАНУ со Блаже Конески во Чехословачката академија на науки (1731/1–2) и во Словачката академија на науки (1731/3). На фотографиите се и Ѓорѓи Филиповски и Харалампие Поленаковиќ.

Датуми: 23 – 29 март 1969

[Доделување на Орден за заслуги на Република Италија на претседателот на МАНУ акад. Блаже Конески], 24.10.1975

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1722
Забелешки Фотографии од свечено доделување на Орден за заслуги на Република Италија на претседателот на МАНУ Блаже Конески. Орденот го врачува пратеникот на Амбасадорот на Република Италија во СФРЈ, проф. Елса Х. Џерлини, културен аташе на амбасадата. На фотографиите: 1722/1 Од десно: Васил Иљоски, Елса Џерлини, Блаже Конески и Аугусто Фонсека; 1722/2–5 Елса Џерлини му го доделува медалот на Конески и држи пригоден говор; 1722/6 Обраќање на Аугусто Фонсека со Блаже Конески; 1722/7 Од десно: Блаже...
Датуми: 24.10.1975

[Колор слајд]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1076
Забелешки

АЕ содржи колор слајд со тројца луѓе: Блаже Конески е во средината, од десно е Божидар Видоески, а од лево непозната личност.

Датуми: 1817 - 2006

[Песни препеани од Ана Пенингтон на други автори; фотографија]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 650
Забелешки

АЕ содржи: препеви на англиски јазик на три песни од Васко Попа и една песна од Јован Стерија Поповиќ, направени од Ана Пенингтон; фотографија од Ана Пенингтон (од лево) и Радмила Трифуновска (од десно) во народни носии; плик од писмо испратено од Димитрије Стефановиќ од САНУ и картичка со потпис од 19.8.1981 г.

Датуми: 1817 - 2006

[Писма од Серафина и Радослав Фр. Пољанец], 1965 – 1967

 Архивска единица
Сигнатура: БК 648
Забелешки

АЕ содржи едно писмо од Серафина Пољанец од 24.8.1965 и две писма од Радослав Пољанец. АЕ содржи и еден исечок од весник и една фотографија.

Датуми: 1965 – 1967

[Плакета „Вукова награда“ и фотографија]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1719
Забелешки

На фотографијата e Конески на говорница; на опачината има натпис „VANU 19.11.1987 Novi Sad“; АЕ упатува на БК 1656.

Датуми: 1817 - 2006

[Портрет на Блаже Конески]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 41
Датуми: 1817 - 2006

[Портрет на Блаже Конески]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 699
Датуми: 1817 - 2006

[Портрет на Конески]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 453
Забелешки

Портрет на Конески со весникот „Нова Македонија“.

Датуми: 1817 - 2006