Скокни до главната содржина

10. Фотографии

 Збирка

Извор: Локален извор

Пронајдено во 72 Фондови и архивски единици:

[2 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 745
Забелешки

АЕ содржи две фотографии: 1. Три девојки на пристаништето во Охрид. На задната страна има посвета „За спомен на бато од Мица“. [Се работи најверојатно за неговата сестра Милица].; 30.8.1949 г., Охрид; 2. Две девојки во костими за плажа. [Една од девојките е и на претходната фотографија. Без опис.].

Датуми: 1817 - 2006

[2 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 754
Забелешки

АЕ содржи 2 фотографии: 1: Блаже Конески прима диплома. Непознат настан и повод. Присутни се и академиците (од лево) Георги Ефремов и Харалампие Поленаковиќ; 2: Блаже Конески меѓу присутните на доделување дипломи на настан. Присутни се, исто така, Георги Ефремов и Харалампие Поланаковиќ.

Датуми: 1817 - 2006

[2 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 755
Забелешки

АЕ содржи две фотографии: 1: Настан пред публика на кој учествуваат Блаже Конески, актерката Љупка Џундева и др.; 2: Блаже Конески со букет цвеќе по настанот.

Датуми: 1817 - 2006

[2 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 762
Забелешки

Б. Конески на одбрана на магистерска или докторска дисертација на Кита Бицевска, 21.1.1991, Филолошки факултет, Скопје; 9 х 13 cm, колор фото.; 1 Членовите на комисијата ја читаат одлуката. Член на комисијата (прв од десно) е и акад. Божидар Видоески; 2 Б. Конески ѝ честита на Кита Бицевска.

Датуми: 1817 - 2006

[3 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 749
Забелешки

Фотографии / 10. АЕ содржи три фотографии: 1. Блаже Конески со други луѓе на прием кај Џавахарлал Нехру во Њу Делхи, Индија./ [годината не е позната, најверојатно во периодот 1959–1961]/ 12 х 17 см, ц.-б. фото.; 2. Блаже Конески во Њу Делхи, Индија како дел од делегација. [годината не е позната, најверојатно во периодот 1959–1961]/ 14 х 21 см., ц.-б. фото.; 3: Дупликат на 2. / 13 х 18 см., ц.-б. фото.

Датуми: 1817 - 2006

[3 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 761
Забелешки

Групни фотографии на млади луѓе. Б. Конески не е препознатлив меѓу нив. Непозната локација и време. 1: Една група пред црква; 2–3: Друга група, на карпа.

Датуми: 1817 - 2006

[4 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 740
Забелешки АЕ содржи четири фотографии со следниот опис: 1. Блаже Конески со Харалампие Поленаковиќ и Милан Бартош, потпретседател на САНУ, низ Охрид во периодот на средбите на Матичната комисија за формирање на МАНУ. / август, 1967 г., Охрид.; 2. Блаже Конески со Харалампие Поленаковиќ и Милан Бартош, потпретседател на САНУ, низ Охрид во периодот на средбите на Матичната комисија за формирање на МАНУ. / август, 1967 г., Охрид.; 3. Блаже Конески и Милан Бартош, потпретседател на САНУ, низ Охрид во...
Датуми: 1817 - 2006

[4 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 752
Забелешки

АЕ содржи четири фотографии од Блаже Конески во Италија: 1–3: Блаже Конески како член на делегацијата од Советот на академии на СФРЈ во посета на Националната академија Деи Линчеи (Accademia Nazionale dei Lincei), во Рим; 4: Во посета на Перуџа, пред катедралата „Сан Лоренцо“.

Датуми: 1817 - 2006

[4 фотографии]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 753
Забелешки

АЕ содржи 4 фотографии направени во Универзалната сала во Скопје. Блаже Конески во публиката на XII Конгрес на хирурзите од Југославија, одржан во Скопје и во Охрид, септември, 1971. Десно од Блаже Конески седат Ангел Чемерски и Ксенте Богоев.

Датуми: 1817 - 2006

[4 фотографии од доделувањето титула почесен доктор на акад. Блаже Конески на Универзитетот во Вроцлав]

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1094
Забелешки

АЕ содржи четири фотографии: 1. Свеченост на доделување на титула на почесен доктор на акад. Блаже Конески на Универзитетот во Вроцлав, Полска; 2. Дупликат на првата фотографија; 3. Деканот на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Вроцлав го претставува акад. Блаже Конески; 4. Дупликат на третата фотографија.

Датуми: 1817 - 2006