9.4. Поезија и проза на Конески објавени во печат
Извор: Локален извор
Пронајдено во 66 Фондови и архивски единици:
Блаже Конески (1921–1993)
АЕ содржи краток текст и препев на песната „Реч“ на српски јазик од страна на Душко Новаковиќ.
Блаже Конески меѓу полските академици; Блаже Конески, 8.4.1992; 2.6.1980
Текстот „Блаже Конески меѓу полските академици“ е објавен во „Вечер“, 8.4.1992; текстот „Блаже Конески“ е објавен во „Просвета“ на 2.VI.1980, XXIV, 508–509, стр. 13, во прилог е објавена и песната „Везилка“.
Болен Дојчин, 11.10.1969
АЕ содржи извадок од весникот „Трудбеник“, бр. 42, 11.10.1969, каде што на стр. 9 е објавена песната „Болен Дојчин“ на Блаже Конески.
Болен Дојчин, 11.10.1968
АЕ содржи 1 л. исечок од весникот „Нова Македонија“ од 11.10.1968, во кој на стр. 8 е објавена песната „Болен Дојчин“ од Блаже Конески.
Гробови [препев], септември 1989
Препевот од Ристо Василевски е објавен во весникот „Задужбина“, год. II, бр. 7, стр. 1.
Децении на врвно научно творештво [статија], 1991
АЕ содржи новинарска статија за Конески објавена во „Македонија. Илустрирано списание на Матицата македонска“, бр. 464–XII–1991, стр. 32–33, во која е објавена и песната „Небеска река“.
Жеђ [препев]
АЕ содржи препев на Никола Цинцар Попоски на песната „Жед“.
За македонцките работи [број посветен на Блаже Конески], 15.12.1971
АЕ содржи три примерока од весникот „За македонцките работи“, год. 1, бр. 2, од 15.12.1971, посветен на Блаже Конески по повод неговиот 50-ти роденден. На насловната страница е објавена песната „Од возот“ од Б. Конески, додека на стр. 7 се наоѓа прилог за Блаже Конески под наслов „Албум – дневник – документ: Блаже Конески“ од Александар К. Нејман.
За поезијата, традицијата..., август 1991
АЕ содржи два примерока од весникот „Народен глас“, Прилеп, август 1991, специјален прилог на македонски јазик и два примерока од истиот број на англиски јазик. На стр. 4 е објавен текстот „За поезијата, традицијата...“ од Б. Конески, а на стр. 2 е објавена песната „Дојрански ветришта“ („Чешмите“, 1984), додека на стр. 8 е објавена песната „Полн циклус“ („Златоврв“, 1989).
[Извадок од весник], 25.11.1986
АЕ содржи 1 л. исечок од весник од 25.11.1986 (стр. 10) со статија по повод смртта на оперскиот пеач Георги Божиков-Жоро, која ја содржи и песната на Конески „Георги Божиков“.