9.3. Интервјуа со Конески
Извор: Локален извор
Пронајдено во 51 Фондови и архивски единици:
[Интервју на Милош Јевтиќ со Блаже Конески], 1995
АЕ содржи интервју со Конески објавено во издание на Радио Београд. Милош Јевтић, „Двадесет година – двадесет разговора (I)“. Радио Телевизија Србије, Радио Београд, Београд 1995, стр. 195–210.
Јазикот – нашата единствена неподелена татковина; Разгорена љубов кон родниот корен [разговори со акад. Блаже Конески], 1989; 1990
АЕ содржи два броја на списанието „Македонија“ од октомрви 1989 и од април 1990 со интервјуа на Конески (стр. 26–27 во бројот од 1989 г.; стр. 24–25 во бројот од 1990 г.). Во бројот од април 1990 е содржано интервју со Б. Конески под наслов „Јазикот – нашата единствена неподелена татковина“.
[Касета], 25.5.1981
Во белешка на касетата е наведено: „Gost II programa Blaže Koneski I i II deo"; во белешка на лист од Конески е наведено: „Радио Београд, Милош Јевтић, февруари 1980; 2 h – 2 ленти (касетофон) објавено во 'Современост' (број посветен на Б. К.) – 'Марксистичка мисао' 2/79, стр. 217; подарок од Бл. Конески Ск. 25.05.1981“.
[Материјали за книгата „Разговори со Конески“ на Цане Андреевски], 1985
АЕ содржи: документ „Разговори со Блаже Конески. Тези“ со теми за разговорите со Конески, папка со машинопис „Разговори со Конески (необработен материјал) I“, папка со машинопис „Разговори со Конески (необработен материјал) II“ и папка со машинопис „Разговори со Конески (необработен материјал) III“, белешки на Цане Андреевски во ракопис. АЕ упатува на БК 1639 и од БК 1746 до БК 1752.
[Материјали за „Разговори со Конески“ на Цане Андреевски]
АЕ содржи машинопис со интервенции во ракопис од книгата „Разговори со Конески“ на Цане Андреевски, две тетратки со материјали. Според белешката од Андреевски на почетокот на снопчето материјали, корекциите со молив се од Б. Конески.
[Материјали за „Разговори со Конески“ на Цане Андреевски]
АЕ содржи папка со наслов „II Разговори со Конески – необработен материјал“ и папка со наслов „III Разговори со Конески – необработен материјал“. На првата папка има белешка од Ц. Андреевски, во која стои дека првиот дел е во друг копмплет и дека материјалот е дешифриран и необработен, со упатување да се видат касетите. АЕ упатува на БК 1639, БК 1745 и од БК 1747 до БК 1752.
[Материјали за „Разговори со Конески“ на Цане Андреевски]
АЕ содржи папка со наслов „БК – Разговори II и III“– необработен материјал“ и белешка во која стои дека првиот дел е во друг комплет и дека материјалот е дешифриран и необработен, со упатување да се видат касетите. АЕ упатува на БК 1639, БК 1745, БК 1746 и од БК 1748 до БК 1752.
[Материјали за „Разговори со Конески“ на Цане Андреевски]
АЕ содржи папка со наслов „Разговори со Блаже Конески“. АЕ упатува на БК 1639, од БК 1745 до БК 1747 и од БК 1749 до БК 1752.
[Материјали за „Разговори со Конески“ на Цане Андреевски]
АЕ содржи папка со наслов „Разговори со Блаже Конески II“. АЕ упатува на БК 1639, од БК 1745 до БК 1748 и од БК 1750 до БК 1752.