9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески
Извор: Локален извор
Пронајдено во 203 Фондови и архивски единици:
[Диплома за избор на Блаже Конески за член на Полската академија на уметности], 12.3.1991
Диплома за избор на Конески во надворешен член на Полската академија на уметности на Собранието одржано на 9.3.1991 г.; АЕ содржи писмо од Полската академија до Конески и говор на Амбасадорот на Полската Република во чест на Конески.
Длабок шепот на Послание, 6.11.1987
Текстот од Матеја Матевски, посветен на збирката песни „Послание“, е објавен во весникот „Комунист“, 6.11.1987.
Една од највидните личности на нашата современост, 28.12.1974
АЕ содржи исечок од весникот „Нова Македонија“ од 28.12.1974, од рубриката „Културен живот“, под наслов: „Трето изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите: Една од највидните личности на нашата современост“.
[Енциклопедиска статија за Конески на полски]
АЕ содржи копија од енциклопедија на полски јазик во редакција на Станислав Витолд Балички (Stanisław Witold Balicki). Статијата за Конески ја напишал Вилим Франчиќ (Vilim Franćič).
Есеи за имињата [статија], 26.12.1991
АЕ ја содржи статијата „Есеи за имињата“ објавена во весникот „Вечер“ од 26.12.1991 г., посветена на книгата „Македонските места и имиња“ од Конески.
Журнал [весник], 6.3.1971
АЕ содржи број од илустрираната ревија „Журнал“ на НИП „Нова Македонија“ (бр. 164 од 6.3.1971 г.), со насловна страна посветена на Конески и куса информација за доделувањето на Хердеровата награда на Конески на стр. 4.
За македонцките работи [број посветен на Блаже Конески], 15.12.1971
АЕ содржи три примерока од весникот „За македонцките работи“, год. 1, бр. 2, од 15.12.1971, посветен на Блаже Конески по повод неговиот 50-ти роденден. На насловната страница е објавена песната „Од возот“ од Б. Конески, додека на стр. 7 се наоѓа прилог за Блаже Конески под наслов „Албум – дневник – документ: Блаже Конески“ од Александар К. Нејман.
Заслужено признание на Блаже Конески во САД, 15.3.1968
АЕ содржи извадок од весникот „Нова Македонија“ од 15.3.1968, год. XXIV, бр. 7695, каде што на насловната страница е објавен текстот посветен на промовирањето на Конески во почесен доктор на хуманистички науки на Универзитетот во Чикаго.
И втор добитник на Хердеровата награда, 16.2.1989
АЕ содржи извадок од весникот „Вечер“ од 16.2.1989 г. каде што е објавен текстот „И втор добитник на Хедеровата награда“, во кој е споменат Блаже Конески како прв добитник на Хедеровата награда.
[Извадок од весник], 3 – 4.8.1968
Извадокот од весникот „La Voce di Napoli“, 3–4.8.1968, стр. 2, содржи библиографски податоци за книгите „Ricamatrice“ („Везилка“) од Конески и „Narratori macedoni“, приредена од Милан Ѓурчинов и Џакомо Скоти, и двете објавени во 1967 г. во Италија.