Скокни до главната содржина

9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески

 Збирка

Извор: Локален извор

Пронајдено во 203 Фондови и архивски единици:

Тие удираат во најздравото, 14.1.1994

 Архивска единица
Сигнатура: БК 576
Забелешки

Текст од Јован Павловски по повод смртта на Конески; Регест: „Мислам дека само Милан Ѓурчинов („Збор“) и Гане Тодоровски („Пулс“) го нагласија тоа во своите писмени простувања со Блаже Конески, ден-два по веста дека Учителот и Поетот го нема повеќе меѓу нас. Блаже Конески замина резигниран не само од животот, туку од средината, од нејзиното однесување“.

Датуми: 14.1.1994

Трајни литературни вредности, 4.3.1979

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1003
Забелешки

AE содржи исечок од весникот „Нова Македонија“ од 4.3.1979 на стр. 14 со наслов „Трајни литературни вредности“ за издавањето на антологиски избор на 10 книги од македонската литература во кои влегува „За македонцките работи“ во редакција на Блаже Конески.

Датуми: 4.3.1979

Трајното место на Конески во науката, 16.10.1977

 Архивска единица
Сигнатура: БК 783
Забелешки

АЕ содржи извадок од весникот „Нова Македонија“, рубрика „Културен живот“, 16.10.1977, стр. 9 и 10; на стр. 9 е поместен текстот „Трајното место на Конески во науката“, објавен по повод дваесет и пет години од „Граматиката на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески; на стр. 10 се наоѓа текстот под наслов „Афирмација на македонската лингвистичка наука“ по повод Втората југословенска ономастичка конференција, во којшто се споменува излагањето на Б. Конески за „Личното име Емноста“.

Датуми: 16.10.1977

[Транскрипција на емисија емитувана на Втората програма на радио Скопје], 11.3.1989

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1004
Забелешки

АЕ содржи транскрипција на емисија емитувана на Втората програма на радио Скопје на 11.3.1989, а записот е транскрибиран на 13.3.1989 од З. Стојановиќ. Емисијата се однесува на изданието „Поезија“ / Константин Миладинов; читање на Блаже Конески. Мисла, Скопје 1989.

Датуми: 11.3.1989

[Транскрипција на емисијата „Видици“], 6.8.1984

 Архивска единица
Сигнатура: БК 913
Забелешки

Транскрипција на радио емисијата „Видици“ по повод објавувањето на книгата „Чешмите“ на Конески. Разговорот го води Тамара Арсовска со Слободан Мицковиќ.

Датуми: 6.8.1984

[Три извадоци од шведски весници со статии за Конески], 24.3.1988

 Архивска единица
Сигнатура: БК 940
Забелешки

АЕ ги содржи следните новинарски статии: „Bister besjungare av dömd kärlek“, објавен во весникот „Sydsvenska Dagbladet“, копија од „Lyriska fynd på ungerska, makedonska“, објавена во шведскиот весник „Svenska Dagbladet“, копија придружена со оригиналната насловна страница на весникот на која се наоѓа известување за статијата на Конески на стр. 14 на 24 март 1988. АЕ упатува на БК 24, БК 25, БК 26 и БК 27.

Датуми: 24.3.1988

[Три писма и една честитка од Ана Пенингтон и прилог материјали], 1979

 Архивска единица
Сигнатура: БК 633
Забелешки

АЕ содржи три писма од Ана Пенингтон, како и копии на текстовите: “Songs from Macedonia“, Review by Graham Reid објавено во Bristish-Jugoslav Journal 2, 1979 според белешка во ракопис на текстот и “When every word counts“.

Датуми: 1979

Феноменот на старата млада литература, 12.10.1984

 Архивска единица
Сигнатура: БК 810
Забелешки

Интервју на Ѕ. Георгиевски со д-р Светозар Пилетиќ во врска со неговата студија за поезијата на Блаже Конески, објавено во „Нова Македонија“, „Културен живот“, 12.10.1984 г., стр. 10. На истата страница Б. Конески се споменува во текстот „Историските денови на Горно Врановци“.

Датуми: 12.10.1984

[Четири извадоци од весници од Латинска Америка], октомври 1963

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1028
Забелешки

Четири извадоци од новинарски статии од весници од Латинска Америка поврзани со патување на Конески во делегацијата на Јосип Броз Тито.

Датуми: октомври 1963

Чисте струјe. Блаже Конески: „Црква“, издавач: Нолит, Београд, 1988, 8.10.1988

 Архивска единица
Сигнатура: БК 765
Забелешки

АЕ содржи текст за изданието Блаже Конески: „Црква“, издавач: Нолит, Београд, 1988, објавен во весникот „Политика“, рубрика Критички дневник, 8.10.1988.

Датуми: 8.10.1988