9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески
Извор: Локален извор
Пронајдено во 203 Фондови и архивски единици:
[Страница од весникот „Вечер“ со кратки статии по повод смртта на Конески], 9.12.1993
АЕ ја содржи стр. 7 од весникот „Вечер“ од 9.12.1993 со повеќе статии по повод смртта на Конески: „Комеморативна седница на Филолошкиот факултет: Творец на сегашноста, патоказ за иднината“, автор З. Л.; „Последната песна на Блаже Конески ‘Зимско утро’“ [слика од Конески и факсимил од песната во ракопис]; „Од записите на Конески: Поезија, говор, критика...“; „Мојата последна средба со Блаже: Збор врзан за срцето“, автор Коце Солунски; „Денес простување од Конески“.
[Страница од весникот „Нова Македонија“ со кратки статии по повод смртта на Конески], 10.12.1993
Строг пеач за судената љубов, 24.3.1988
Превод на напис за Конески објавен во шведскиот весник „Sydsvenska Dagbladet“ под наслов „Bister besjungare av dömd kärlek“. Две верзии на преводот. Преводот е направен од англискиот превод на текстот и датиран од 5.5.1988. АЕ упатува на БК 24, во која се наоѓа копија на оригиналот на написот на шведски јазик.
Сусрет после 34 године
АЕ содржи исечок од весник во кој се дава информација за повторна средба по 34 години меѓу Конески и Драган Биорац за време на прославата за 140-годишнината на гимназијата во Крагуевац.
Суштината на творењето и направеното. Кон 70-годишниот јубилеј на Блаже Конески, 18.12.1991
АЕ ги содржи текстот „Суштината на творењето и направеното. Кон 70-годишниот јубилеј на Блаже Конески“ од Радомир Ивановиќ и песните „Градинарот“, „Небеска река“ и „Процеп“ од Б. Конески.
Тегоба осамљености. Блаже Конески: „Записи“, 17.8.1974
АЕ содржи текст од Петар Т. Бошковски посветен на изданието „Записи“ од Конески (Македонска книга, Скопје, 1974).
[Текст за Б. Конески од Ксенте Богоев по повод смртта], 9.12.1993
Текстот е објавен во „Споменицата“ посветена на Б. Конески, МАНУ, 1994, стр. 9–13.
[Текстови од Радомир Ивановиќ], 1993
АЕ содржи текстови од Радомир Ивановиќ од Струшките вечери на поезијата во 1993 г. со наслови: „Generiranje poetske ideje i književnok teksta u pesmi "Nebeska reka" Blažа Koneskog" и „Poezija i predaja" (Blaže Koneski: Crn oven, Kultura, Skopje 1991).
[Текстови по повод една година од смртта на Б. Конески], 7.12.1994
АЕ содржи извадок од „Нова Македонија“ („Лик“) од 7.12.1994 (год. 8, бр. 300, стр. 11–12) со текстови од Олга Арбулјевска „Во својот стих, во својот сон“ и од акад. Радомир Ивановиќ „Мудрец на македонското писмо“ посветени на животот и на делото на Конески по повод една година од неговата смрт.