9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески
Извор: Локален извор
Пронајдено во 203 Фондови и архивски единици:
[Статија за Конески во списанието „Огледало“], 18.2.1981
Објава во списанието „Огледало“ год. IV, бр. 8 од 28.2.1981 г. за препеви на поезија на Конески на албански јазик.
[Статија за Конески и негова поезија објавени во списанието „Око“], 20.8.1981
Препеви на песни од Конески објавени на српскохрватски („Bolan Dojčin“, „Teškoto“, „Oduzimanje snage“, „Тri krupne žene“, „Poruka“, „Riječ“, „Pred godišnjicu očeve smrti“, „Razgovor“, „Кошмар“, стр. 16) и статија за Конески „Nezaustavljiva rijeka ljubavi. O poeziji Blaže Koneskog“ од Борислав Павловски во списанието „Око“, бр. 246, година IX, од 20.8.1981 (стр. 16).
[Статија за Конески и негови песни во списанието „Der bücherkarren. Internationale Literatur im Verlag Volk und Welt"]
АЕ содржи кратка статија за Конески и препеви на германски на неколку песни од страна на Валтрaуд (Waltraud) и Манфред Јенихен (Manfred Jähnichen) во списанието „Der bücherkarren. Internationale Literatur im Verlag Volk und Welt" бр. VI/88 (стр. 6).
[Статија за Конески и препев на „Убавите жени“ во весникот „Чачански глас“], 25.5.1978
АЕ содржи статии за Конески во додатокот „Култура“ на весникот „Чачански глас“ год. XLII, бр. 20 од 25.5.1978 и препев на „Убавите жени“ (стр. 1; 3–4); автори на статиите се Радомир Ивановиќ и Влада Урошевиќ.
[Статија за посетата на Блаже Конески на Чиле], 1.10.1963
Статија за посетата на Блаже Конески на Чиле во списанието „Vistazo“, година XII, број 576, објавено на 1.10.1963.
[Статија и песна објавени во списанието „Македонцките работи“], 15.12.1971
АЕ содржи статија за Конески (стр. 7) и песната „Од возот“ (стр. 1) објавени во списанието „За македонцките работи“, година I, број 2, 15.12.1971 г. Бројот е посветен на Конески по повод неговиот 50-ти роденден.
[Статија од весник], 6.5.1971
Извадокот од весникот „Die Presse“, 6.5.1971, стр. 4, содржи статија за лауреатите на Хердеровата награда од 1971 г., меѓу кои е и Конески.
Стварање македонског језика, 11.5.1979
АЕ содржи извадок од весникот „Политика“ од 11.5.1979 со известување за гостувањето на Конески на Втората програма на 13 мај 1979.
Стокхолм хвали Блажа Конеског, 13.4.1988
АЕ содржи кратка информација објавена во весникот „Политика“, стр. 12.
[Стотиот број на „Лик“ од „Нова Македонија“], 12.9.1990
АЕ го содржи стотиот број од „Лик“ на „Нова Македонија“ од 12.9.1990, со Трибина за македонскиот литературен јазик. На стр. 14, стр. 15 и со продолжение на стр. 19 се наоѓа статијата на д-р Атанас Вангелов со наслов „Константин Филозоф и Конески“. Конески се споменува и во статијата на Трајко Стаматоски со наслов „Не гибајте во нешто што е свето“ на стр. 10–12, и на стр. 3, на која се набројуваат соговорниците на „Лик“ во изминатите изданија.