9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески
Извор: Локален извор
Пронајдено во 203 Фондови и архивски единици:
Послание...послание...послание...
АЕ содржи статија од Братислав Ташковски посветена на книгата „Послание“ од Блаже Конески, објавена во „Студентски збор“; на истата страница објавена е и песната „Послание“ од Б. Конески.
Првиот лик и дискретните посланија нa Блаже Конески „Којзнае, можеби и co возовите не ќе се може преку Белград“; Националната свест – наш заеднички именител, 4.12.1996
Статија од Бранко Цветкоски за интервјуто со Конески објавено во првиот број на додатокот „Лик“ во весникот „Нова Македонија“ во 1986 г. и дел од тоа интервју („Лик“, „Нова Македонија“, Година X, бр. 404 од 4.12.1996).
[Препеви на хинду на песни од Конески], 1980
АЕ содржи прилог на списание за култура и литература објавено во Индија и исечок од весникот „Вечер“ од 28.8.1980, каде што се извесува за прилогот под наслов „Песни од Конески на хинду јазикот“.
[Преписка со Предраг Драгиќ; статија во печат], 2.10.1968
Преписка со Предраг Драгиќ во врска со објавувањето на неговиот осврт „Блаже Конески или слово о поезији“, објавен во списанијата „Књижевност и језик“ и „Октобар“.
Привлечен како народните приказни: Кон преводот на „Тиквешкиот зборник“ од Блаже Конески, со коментари од Вера Стојческа-Антиќ, Мисла, 1987
АЕ содржи осврт кон преводот на Блаже Конески на „Тиквешкиот зборник“, со коментари од Вера Стојческа-Антиќ, Мисла, 1987, од д-р Кирил Пенушлиски, објавен во „Лик“, стр. 12, непознат датум.
Промоција на „Светот на песната и легендата“ од Конески, 9.6.1993
АЕ ја содржи стр. 9 од рубриката „Лик“, година VII, бр. 218 во „Нова Македонија“ од 9.6.1993. Во статијата се известува за промоцијата на „Светот на песната и легендата“ од Конески.
Промоција у Чикагу, 15.3.1968
АЕ содржи извадок од весникот „Борба“, 15.3.1968, каде што на стр. 16 е објавен краток текст по повод промоцијата на Конески во почесен доктор на Универзитетот во Чикаго.
Професоре,, 17.12.1993
Текст од Јагода Михајлова-Георгиева по повод смртта на Блаже Конески објавен во „Пулс“ на 17.12.1993, на стр.43.
Револуција у дјелима умјетника, 5.9.1985
Статијата е објавена во весникот „Ослобођење“, 5.9.1985, стр. 6, и се однесува на 22. Книжевни средби на Козара, со поетска вечер посветена на Блаже Конески, лауреат на наградата „Скендер Куленовић“.