9.2. Новинарски статии и други текстови за Конески
Извор: Локален извор
Пронајдено во 203 Фондови и архивски единици:
Песникова животна мисија, 18.12.1971
АЕ содржи извадок од весникот „Борба“, 18.12.1971, каде што на стр. 8 се наоѓа текстот „Песникова животна мисија“ од Слободан Марковиќ, посветен на Блаже Конески и неговите студии за Свети Климент Охридски.
Песници Дисовог пролећа, 18.5.1979
Весник „Дисово пролеће“, број 9; Б. Конески се споменува во текстот „Песници Дисовог пролећа“ 1964–1979, стр. 6.
[Писмо и исечок од весник], 16.4.1981
АЕ содржи писмо од Иван Доровски до Блаже Конески, кој му го честита „Златниот венец“ на Струшките вечери и му испраќа прилог – исечок од чехословачкиот весник „Лидова демокрацие“ од 16.4.1981, каде што на стр. 5 се наоѓа информација за „Златниот венец“, како и препев на песна од Јозо Т. Бошковски.
[Писмо и исечок од весник], 17.10.1977
Писмото содржи статија од Иван Дороски за Граматиката на Конески и за неговите преводи од чешки со наслов „Překlady do makedonštiny", објавена во весникот „Lidová demokracie“, 13.10.1977, стр. 5.
[Писмо и статија од весник], 20.4.1981
АЕ содржи писмо од новинарот Милош Јевтиќ до Конески поврзано со интервју на Конески во емисијата „Гост другог програма“ и статија од „Политика“ со најава на интервјуто.
[Писмо и текстови за Конески], 10.12.1991
АЕ ги содржи текстовите „Eksplicitna i imanentna poetika Blaža Koneskog“ и „Elegičnost poezije Blaža Koneskog“.
[Писмо од Ана Пенингтон и копија од World Literature Today], 1981
АЕ содржи едно писмо од Ана Пенингтон (според белешка во АЕ писмото е испратено 15 дена пред нејзината смрт) и копија од текст на Biljana Šljivić-Šimšić, University of Ilinois, Chicago Circle – World Literature Today from the winter 1981, pp. 140–141: Blazhe Koneski. Poems. Andrew Harvey, Anne Pennington, trs. London. Deutsch. 1979. 48 pages.
[Писмо од Андреј Лисенко; две статии од весник], 29.3.1974; 15.3.1974; 14.3.1974
Покрај писмото од Лисенко, АЕ содржи една статија за Конески од Јуриј Чикирисов објавена во весникот „Литературна Україна“ на 15.3.1974 на стр. 2 и една статија од Леонид Коваленко за Лисенко, во која има упатување на македонската книжевност, објавена во весникот „Друг читача“ од 14.3.1974.
[Писмо од Валентин Кипарски; статија во дневен печат], 15.2.1967
АЕ содржи статија „Jugoslaviassa puhutut kielet“, во која се споменуваат Блаже Конески и македонскиот јазик.
[Писмо од Радомир Ивановиќ и текст за Конески], 12.3.1992
АЕ содржи писмо од Радомир Ивановиќ и негов текст „Zemaljski most nad nebeskom rekom (estetska epifanija u poeziji Blaža Koneskog)", напишан по повод објавувањето на стихозбирката „Небеска река“ од Конески.