8.2. Писма од Конески до други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 46 Фондови и архивски единици:
[Преписка меѓу Бохуслав Хавранек и Блаже Конески], 1969
АЕ содржи писмо од Хавранек со датум 17.4.1968 и машинопис од недатирано писмо без потпис и име на адресат. Во претходна белешка во АЕ е наведено дека писмото е одговор од Конески до Хавранек. Преписката се однесува на посета на Хавранек на Скопје.
[Преписка меѓу Конески и Шевелов], 1977 – 1978
Писмо од Шевелов до Конески датирано од 4.12.1977; содржи писмо од Шевелов до Конески датирано од 14.2.1978; писмо од Конески до Шевелов датирано од 1.3.1978 (и во машинопис и во ракопис); „Од историјата на предметот“, 3 л. независни од писмата придружени со 1 л. избрана библиографија.
[Преписка со Згуста и статија од Конески], 1990
АЕ содржи едно писмо од Л. Згуста (L. Zgusta) и Х. Вензел (H. Wenzel) во кое бараат корекции на материјал; копија со исечок од книга; писмо со одговор од Б. Конески.
[Преписка со Предраг Драгиќ; статија во печат], 2.10.1968
Преписка со Предраг Драгиќ во врска со објавувањето на неговиот осврт „Блаже Конески или слово о поезији“, објавен во списанијата „Књижевност и језик“ и „Октобар“.
[Тефтер]
Од стр. 1 до 31 (според календарот во тефтерот од 1 февруари до 1 април), АЕ го содржи расказот „Во земјотресот“ во ракопис; писмо до Станковиќ, стр. 1 до 8 (според календарот во тефтерот од 5 април до 23 април) и биографија на Конески на српски јазик (според календарот во тефтерот од 25 април до 27 април), 2 листа. АЕ содржи и цртеж (според календарот во тефтерот на листот пред декември). На тефтерот пишува дека е од 1973, но нема датум на конкретните записи.