8.2. Писма од Конески до други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 46 Фондови и архивски единици:
[Писмо до Дано], 24.12.1945
Писмо во врска со примени текстови за списанието „Просветно дело“.
[Писмо до Претседателството на МАНУ], 6.9.1977
Писмото се однесува на понуда од Конески за подарување на неговата лична библиотека на МАНУ.
[Писмо од Б. Конески], 26.6.1990
Препорака за Изет Сарајлиќ за член на АНУБиХ.
[Писмо од Б. Конески до Јоханес Рајнхарт], 27.11.1980
АЕ содржи писмо од Конески до д-р Јоханес Рајнхарт во врска со поканата и темите за предавање во Институтот за славистика при Универзитетот во Виена.
[Писмо од Конески до Вроцлавски]
Писмото содржи прашања во врска со македонската народна книжевност и уметничката поезија и проза.
[Писмо од Конески до редакцијата „Izraz“], 10.1.1977
AE упатува на БК 1244.
[Писмо од Конески до Хорас Лант], 17.3.1987
Писмото се однесува на текстови и на изданија на Лант и нивна дистрибуција.
[Писмо од Универзитетот Меквори], 15.12.1989
АЕ содржи преписка во врска со изборот на Илија Чашуле во наставно звање на Универзитетот Меквори во Австралија.
[Преписка во врска со објавување антологија на македонската книжевност од страна на Матица српска], 1973 – 1976
АЕ содржи преписка на Блаже Конески со Мирослав Ранков од „Матица српска“ во врска со издавањето антологија на македонската книжевност во 10 книги; списоци на избраните книги; други писма и препораки за македонските приредувачи на томовите.