8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Писмо], 11.10.1985
АЕ содржи писмо со благодарност до Конески за препораката и со известување за изучувањето на македонскиот јазик во Австралија. Потпишано е од Васка и Рудолф Прајнерсторфер.
[Писмо], 3.6.1977
Писмото од „Državna založba Slovenije“ се однесува на објавување на изданието од Конески: Poezija, prevedel: Ivan Minatti. Državna založba Slovenije, Ljubljana 1977, 127 s.
[Писмо], 7.3.1978
Писмо во врска со различни теми од областа на македонистиката.
[Писмо], 18.10.1991
Покана до Конески за учество со труд во публикација посветена на Голомб.
[Писмо], 1991
Писмото се однесува на барање од Вера Талеска Николовска упатено до повеќе лица, меѓу кои и Конески, за собирање информации, сеќавања и документи за нејзиниот брат и народен херој Борка Талески.
[Писмо], 1978
Во писмото се споменува и книгата на А. Једличка (Alois Jedlička) "Spisovný jazyk v současné komunikaci“ (1978).
[Писмо], 12.6.1973
Писмото се однесува на престојот на Конески во Полска.