8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Писма од Рина Усикова до Блаже Конески], 3.2.1993
Во писмото Усикова го информира Конески дека проф. Бернштејн одлучил да му предаде документ од неговата збирка – писмо од К. П. Мисирков до Бодуен де Куртене.
[Писма од Роберт Оти], 21.8.1964; 2.9.1964
АЕ содржи две писма од проф. Роберт Оти (Robert Auty) од Универзитетот во Лондон (University of London).
[Писма од Серафина и Радослав Фр. Пољанец], 1965 – 1967
АЕ содржи едно писмо од Серафина Пољанец од 24.8.1965 и две писма од Радослав Пољанец. АЕ содржи и еден исечок од весник и една фотографија.
[Писма со наслови за симпозиумот „Кирилометодиевскиот (старословенскиот) период и кирило-методиевската традиција во Македонија“], 1984
Наслови на рефератите на Блаже Конески, Јержи Русек (Jerzy Rusek), Јосип Хам (Josip Hamm), Иван Доровски, Јоже Погачник (Jože Pogačnik), Стјепан Антољак (Stjepan Antoljak), Зузана Тополињска (Zuzana Topolińska), Лидија Славева, Петар Милковиќ-Пепек, Радмила Маринковиќ, Хорас Лант, Радмила Угринова-Скаловска.
[Писма со прилог материјали за избор во звање на А. Џукески и на Л. Минова-Ѓуркова], 5.10.1993; 2.12.1993
Писма со известување за рецензентската комисија и прилог со биографски податоци за избор во звање на кандидатите А. Џукески и Л. Минова-Ѓуркова.
[Писма; текстови], 26.5.1969; мај 1969; 30.4.1974
АЕ упатува на БК 247 и БК 246 и ги содржи текстовите: Избор од историјата (од Херодот); Енеида. Избор (од Публиј Вергилиј Марон).
[Писмо], 23.4.1993
АЕ содржи покана за трибина организирана од Друштвото на писателите на Македонија.
[Писмо], 17.5.1981
Писмото се однесува на претстојната посета на Хорас Лант на Македонија.
[Писмо], 24.9.1973
Писмото се однесува на објавување избор од поезијата на Конески во издание на „Народна књига“.