8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Новогодишна честитка од Роман Ваинтрауб]
АЕ содржи новогодишна честитка за 1986 за Конески од Роман Ваинтрауб.
[Осум писма од Ана Пенингтон], 1970
АЕ содржи осум писма од Ана Пенингтон испратени во 1970 година, од кои поголемиот дел се испратени од Софија, каде Пенингтон учествувала на Семинар за бугарски јазик. Последното писмо без датум исто така е испратено од Софија. Познатите дати на писмата се: 27.1.1970 (датумот е напишан во интервенција со молив); 14.3.1970; 5.10.1970; 1.11.1970; 2.11.1970; 3.11.1970; 19.11.1970; без датум.
[Осумнаесет писма од Станислав Бжезињски]
АЕ содржи осумнаесет писма од Станислав Бжезињски испраќани во подолг временски период.
[Пет писма од Ана Пенингтон], 1980
АЕ содржи пет писма. Писмото од 25 јуни 1980 е на англиски јазик и е покана до Конески за конференцијата Formation of the Slavonic Literary Languague, Oxford, 1981. Останатите четири писма се во ракопис од Ана Пенингтон.
[Писма], 23.8.1977; 1.9.1977; 20.10.1977; 2.8.1979; 2.4.1980
АЕ содржи: честитка од Ендру Харви од 23.8.1977; писмо од Светозар Колевиќ (Светозар Кољевић) од 1.9.1977; писмо од Светозар Колевиќ (Светозар Кољевић) од 2.8.1979 со прилог копии-препеви од Ендру Харви; писмо од Светозар Бркиќ (Светозар Бркић) од 2.4.1980; честитка од Хју Вибрев (Hugh Wybrеw), без датум.
[Писма до Блаже Конески и други ракописи], 1947; 1951
АЕ содржи неколку писма до Конески и други материјали во ракопис (домашни задачи и слично). Најден лист со песна „Песна на Гоце Делчев“ со непознат ракопис и автор.