8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
Танцот на дервишите; Igra derviš iz Konije, 1990; 27.6.1991
На л. 2 белешка во ракопис од Методија Фотев до Блаже Конески со датум 27.6.1991. Песната е препеана од македонски на српскохрватски од Блаже Конески.
[Телеграма], 5.8.1985
АЕ содржи известување за неврачена телеграма од Конески за Ајша Рудиќ (Ajša Rudić).
[Телеграма од претседателот на Академијата на СССР Келдиш], 29.11.1972
[Телеграма од претседателот на Бугарската академија на науките Балевски], 29.11.1972
Честитка по повод празникот на СФРЈ.
[Телеграма: честитка од Македонскиот народен театар], 13.10.1979
АЕ содржи честитка за признание.
[Телеграми и материјали за прогласувањето на Блаже Конески за Doctor Honoris Causa на Вроцлавскиот универзитет], 1973 – 1974
АЕ сорджи материјали за прогласувањето на Блаже Конески за Doctor Honoris Causa на Вроцлавскиот универзитет, меѓу кои едно писмо од ректорот проф. д-р Маријан Ожеховски до Конески со известување за добиеното признание; покана за настанот и телеграми со честитки.
[Телеграми испратени до Конески по повод неговиот 70-ти роденден], декември 1991
Телеграмите се испратени од: претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, претседателот на Владата Никола Кљусев, претседателот на Собранието Стојан Андов, министерот за култура Цветан Грозданов и претседателот на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски.
[Три писма и една честитка од Ана Пенингтон и прилог материјали], 1979
АЕ содржи три писма од Ана Пенингтон, како и копии на текстовите: “Songs from Macedonia“, Review by Graham Reid објавено во Bristish-Jugoslav Journal 2, 1979 според белешка во ракопис на текстот и “When every word counts“.
[Три писма и честитка од Ана Пенингтон], 1967
АЕ содржи три писма од Ана Пенинтон и една новогодишна честитка.