Скокни до главната содржина

8.1. Писма до Конески од други

 Збирка

Извор: Локален извор

Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:

[Покана за објавување труд во „Onomastica Slavogermanica“], јануари 1972

 Архивска единица
Сигнатура: БК 334
Забелешки

АЕ содржи покана за објавување труд и прилог за уредување на трудовите.

Датуми: јануари 1972

[Покана од Хулио Гилјен Гато], 12.7.1968

 Архивска единица
Сигнатура: БК 139
Забелешки

Покана до Конески од Кралската академија за историја на Кралството Шпанија.

Датуми: 12.7.1968

Предлог за доделување тутулата почесен доктор на Универзитетот „Кирил и Методиј“; Реферат за доделување; Одлука за доделување; [писмо], 1991

 Архивска единица
Сигнатура: БК 1742
Забелешки

АЕ содржи Предлог, Реферат и Одлука за доделување на титулата почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Блаже Конески и писмо од Љупка Јанашлиева до Конески, во кое го известува дека Наставно-научниот совет на Филолошкиот факултет едногласно го усвоил Рефератот за доделување на титулата на 4.12.1991 г. АЕ упатува на БК 22.

Датуми: 1991

[Преписка во врска со објавување антологија на македонската книжевност од страна на Матица српска], 1973 – 1976

 Архивска единица
Сигнатура: БК 713
Забелешки

АЕ содржи преписка на Блаже Конески со Мирослав Ранков од „Матица српска“ во врска со издавањето антологија на македонската книжевност во 10 книги; списоци на избраните книги; други писма и препораки за македонските приредувачи на томовите.

Датуми: 1973 – 1976

[Преписка меѓу Бохуслав Хавранек и Блаже Конески], 1969

 Архивска единица
Сигнатура: БК 640
Забелешки

АЕ содржи писмо од Хавранек со датум 17.4.1968 и машинопис од недатирано писмо без потпис и име на адресат. Во претходна белешка во АЕ е наведено дека писмото е одговор од Конески до Хавранек. Преписката се однесува на посета на Хавранек на Скопје.

Датуми: 1969

[Преписка меѓу Конески и Шевелов], 1977 – 1978

 Архивска единица
Сигнатура: БК 299
Забелешки

Писмо од Шевелов до Конески датирано од 4.12.1977; содржи писмо од Шевелов до Конески датирано од 14.2.1978; писмо од Конески до Шевелов датирано од 1.3.1978 (и во машинопис и во ракопис); „Од историјата на предметот“, 3 л. независни од писмата придружени со 1 л. избрана библиографија.

Датуми: 1977 – 1978

[Преписка со Антонина Обребска-Јаблоњска], 8.6.1973; 27.7.1973

 Архивска единица
Сигнатура: БК 158
Датуми: 8.6.1973; 27.7.1973

[Преписка со Дафина Хаџи Димова], 20.10.1976; 29.10.1976

 Архивска единица
Сигнатура: БК 511
Забелешки

Преписка со Дафина Хаџи Димова во врска со објавеното предавање на Димитар Митров „Димо Хаџи Димов – идеолог на македонското револуционерно движење“ во која Хаџи Димова бара примероци од предавањето, а МАНУ ѝ испраќа 6 примерока.

Датуми: 20.10.1976; 29.10.1976

[Преписка со Згуста и статија од Конески], 1990

 Архивска единица
Сигнатура: БК 531
Забелешки

АЕ содржи едно писмо од Л. Згуста (L. Zgusta) и Х. Вензел (H. Wenzel) во кое бараат корекции на материјал; копија со исечок од книга; писмо со одговор од Б. Конески.

Датуми: 1990

[Преписка со Предраг Драгиќ; статија во печат], 2.10.1968

 Архивска единица
Сигнатура: БК 141
Забелешки

Преписка со Предраг Драгиќ во врска со објавувањето на неговиот осврт „Блаже Конески или слово о поезији“, објавен во списанијата „Књижевност и језик“ и „Октобар“.

Датуми: 2.10.1968