8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Писмо со програма за 21. пленарен состанок на МКС], 2.8.1980
АЕ содржи писмо од проф. Петер Бранг од Цирих во кое се заблагодарува за прифаќање на поканата за присуство на 21. пленарен состанок на МКС во септември 1980 и испраќа програма за настанот.
[Писмо; текстови], 20.9.1973
АЕ упатува на БК 246 и БК 248 и содржи материјали преведени од Анастас Таховски и испратени до Блаже Конески [Споредени животописи: Александар (од Плутарх); Сеништа. Комедија во 5 чина (од Тит Макциј Плаут); Трогрошник. Комедија во пет чина (од Тит Макциј Плаут)].
[Повелба за Блаже Конески од Извадачката работна организација „Просвета“ од Белград], 1.11.1979
Повелбата во АЕ е придружена со писмо.
[Покана], 28.6.1968
АЕ содржи покана од Музејот на современа уметност за отворање на изложба; на пликот има белешка во ракопис од Конески до Божо Видоески.
[Покана]
АЕ содржи покана до Конески да учествува на XVII пленарно заседание на Меѓународниот славистички комитет.
[Покана до Конески од издавачот во Атина], 1979
Покана за промоцијата на книга на Конески во Атина на 3 април 1979. Се наведува дека покрај Конески, присутни ќе бидат и Матеја Матевски и Борис Вишински.
[Покана за 19-тата годишна конференција на Societas Linguistica Europea], 1986
Писмо од проф. Олга Мишеска Томиќ до Конески со покана за 19-тата годишна конференција на Societas Linguistica Europea организирана од Сојузот на друштвата за применета лингвистика на Југославија во Охрид од 31.8 до 3.9.1986 г.
[Покана за XXX Рацинови средби], 11 – 12.11.1993
АЕ содржи 2 писма од Советот на Рациновите средби со известувања за манифестацијата и прилог програма.
[Покана за зборник во чест на Е. Паулини], 6.2.1981
АЕ содржи покана за учество со прилог во зборникот по повод 70-годишнината од раѓањето на проф. Еуген Паулини (Eugen Pauliny).