8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Картичка од Виктор Виноградов]
АЕ содржи новогодишна честитка за 1969 г. од Виктор Виноградов.
[Картичка од Љубомир Андрејчин], 10.1.1968
АЕ содржи честитка до Конески од Љубомир Андрејчин од Институтот за бугарски јазик.
[Картички]
Шест картички испратени до Конески по различни поводи. Потписите се нечитки.
[Картички од Ана Пенингтон и од Универзитетот во Оксфорд]
АЕ содржи картички од Ана Пенингтон до Блаже Конески. Дел од картичките се честитки по различни поводи, а дел содржат и писма. Една картичка е покана од Универзитетот во Оксфорд до Конески за комеморацијата за Ана Пенингтон.
[Материјали за Меѓународен славистички комитет], 1971; 1972; 1974
Список со теми пријавени од југословенските слависти за Конгресот во Варшава, л. 1–7; Програма за XIII заседание на МСК во Париз, л. 5–11.9.1971; три писма од Б. Конески во врска со МСК; едно писмо од „Associacione Italiana degli Slavisti“ до Б. Конески од 19.2.1971, Рим.
[Материјали од Југословенски славистички комитет], 1973
[Материјали околу издавањето на Антологија на словенската поезија во XIX и почетокот на XX век во издание на УНЕСКО], 1977
Материјали околу издавањето на Антологија на словенската поезија во XIX и почетокот на XX век во издание на УНЕСКО: л. 1: писмо од Милош Милошевски; л. 2 и л. 3: писмо од Конески како претседател на Меѓуакадемскиот одбор за унапредување на проучувањето на словенските култури; л. 4–9: два записника; л. 10: писмо од Милош Милошевски; л. 11: писмо од академик Вељко Гортан; л. 12: писмо од Милош Милошевски; л. 13: писмо од академик Вељко Гортан.
[Материјали поврзани со Вроцлавскиот универзитет]
АЕ содржи говор на Конески по повод доделувањето на титулата почесен доктор на науки на Вроцлавскиот универзитет, медал доделен на Конески од Сенатот на Вроцлавскиот универзитет во 1973 г., 15 фотографии на микрофилм од Вроцлавскиот универзитет и покана од Амбасадата на СФРЈ во Полска до Конески.
[Материјали поврзани со рецензијата на Конески на проект на Де Бреј], 27.5.1988
Писмо од Австралискиот истражувачки совет до Конески со покана да го рецензира проектот „А New Macedonian-English Dictionary", предложен од Де Бреј; превод на упатствата за рецензирање; рецензија на Конески.