8.1. Писма до Конески од други
Извор: Локален извор
Пронајдено во 369 Фондови и архивски единици:
[Писмо од Миле Томиќ], 5.2.1975
Писмото се однесува на работата на М. Томиќ на македонско-романски речник и на објавување на негови трудови во списанието „Македонски јазик“.
[Писмо од Миле Томиќ], 25.12.1972
АЕ содржи писма за зборникот во чест на К. Тошев и за работата на Македонско-романски речник.
[Писмо од Милош Јевтиќ], 17.11.1980
АЕ содржи писмо од Милош Јевтиќ до Конески по повод вклучувањето на Блаже Конески во едицијата „Pesnikovom rukom pisano“.
[Писмо од Милош Јевтиќ], 4.4.1981
AE содржи писмо во врска со излегувањето на книгата на Б. Конески од едицијата „Песниковом руком писано“.
[Писмо од Мирослав Крлежа], 30.1.1968
Писмото се однесува на идејата за објавување на Општата енциклопедија од Лексикографскиот завод на македонски јазик и формирање македонска редакција.
[Писмо од Мирослав Ранков], 19.1.1977
АЕ содржи писмо до Конески од Издавачката куќа „Матица српска“ од Нови Сад.
[Писмо од НИН], 10.6.1977
АЕ содржи писмо од списанието „НИН“ („Недељне информативне новине“) до Конески потпишано од главниот и одговорен уредник Драган Марковиќ.
[Писмо од Њутон Саба Гимараеш], 9.3.1976
АЕ содржи писмо од Њутон Саба Гимараеш од Бразил од 1976 во кое искажува интерес за Македонија и за македонскиот јазик, литература и култура.
[Писмо од О. Рајхман и дијалектна карта на македонскиот јазик], 3.2.1986
Писмо до Конески од Рајхман во кое му бара подетална дијалектна карта на македонскиот јазик; дијалектна карта на македонскиот јазик со ракопис и потпис од Рајхман од задната страна.